И Саша Поповиќ прозборе за бебето на Шерифовиќ – ја откри нејзината најголема тајна во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“
Марија Шерифовиќ во неколку свои изјави обелодени дека ова ќе и биде последна сезона во „Гранд ѕвезди“ како дел од жирито.
По завршувањето на актуелната сезона познатата пејачка планира сериозно да се посвети на создавање на свое потомство. Таа тоа го најави уште пред Нова година, а од овој талент-шоу програм, кој е поприлично популарен и кај нас, е дел уште од септември 2015 година.
Во најавата на последната емисија можеме да слушнеме и дека бебето на Марија е всушност една од темите за дискусија.
„Сите што сме тука ќе го луламе бебето“, порача нејзината колешка Вики Миљковиќ.
„Најдобро е да ми расте детето тука во ‘Ѕвездите на Гранд”, се надоврза со насмевка на лицето Шерифовиќ.
„И ако бебето заплаче – кандидатот проаѓа. Ако не заплаче, никому ништо“, се пошегува Саша Поповиќ.
Тие со овие изјави само уште еднаш потврдија дека Марија сериозно размислува да се оствари во улога на мајка.
Имено, таа непосредно пред Нова година изјави:
„Најлогично е моето дете јас да го донесам на овој свет. Само се надевам дека нема да биде пеач или пеачка (се смее). Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако не изведувач. Важно е да биде живо, здраво и паметно. Но сигурно подобро ќе се снајдам ако е син. Од друга страна, би било бескрајно интересно да имам девојче која би била мал бандит како мене. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави Марија за „Информер“ и додаде дена не е заљубена.
„Не сум заљубена. Не планирам да се заљубам. На кого му треба тоа?“ заклучи тогаш таа.