Реклама
Бебиња

И по 13 спонтани абортуси, оваа мама НЕ се откажа од бебе – и на крај се случи чудо!

Реклама

Мајка ја сподели својата неверојатна приказна

Лаура Ворсли доживеала единаесет пати спонтан абортус во првото тромесечје, а покрај тоа изгуби и две момчиња во 17 и 20 недела. Но таа не се откажа и по тринаесеттото пометнување продолжи да се обдува и така ја доби ќерката Ајви.

Маркетинг

Првиот спонтан абортус и се случи во 2008 година, а кога тоа во следниот период и се случи и по трет пат, Лаура Ворсил и нејзиниот сопруг Дејв од Велика Британија знаеја дека нешто не е во ред.

Маркетинг

Беше откриено дека Лаура имала антифосфолипиден синдром, исто така познат како синдром на леплива крв, кој може да предизвика проблеми со бременоста. Во прашање е автоимуна болест кај која имунолошкиот систем по грешка напаѓа некои од нормалните протеини во крвта.

„Бевме дел од различни експерименти, ги направивме сите тестови, пробавме најразлични лекови, се надевавме дека нешто ќе помогне“, раскажа Лаура, чија бременост не напредуваше повеќе од неколку недели.

Иако две бремености успеаја да опстанат и до 12 недели, парот сепак ги изгуби момчињата Грејсон и Лео, во 2015 и 2017 година.

„Не знам како се носев со тоа. Дејв беше силен и за двајцата. За тоа живеев и размислував ако не можам да имам деца, која е смислата на животот“, вели Лаура.

Таа ја тестирала и плацентата и резултатите покажаа дека Лаура има и хроничен хистиоцитичен интервилозитис (CHI), кој предизвикува телото да се бори против бременоста.

„Кога го дознав ова не бев сигурна дали сакам повторно да се обидувам, но мојата докторка Квенби ми кажа дека им помогнала на многу жени кои не можеле да забременат. Мислам дека ако постои и трошка надеж, мораме повторно да се обидеме, а така мислеше и Дејв. Си кажав самата на себе дека тоа е последен обид“.

По лековите за подобрување на слузницата на утробата на Лаура, таа забремени по 14 пат

Докторката Квенби и кажала дека користеле стероиди како би го потиснале имунолошкиот систем за да може да напредува бременоста до 24 недела, кога бебињата имаат шанса да преживеат. Лековите спречија згрутчување на крвта.

Ајви, која е родена со царски рез, тежела само 770 килограми.

„Прв ја виде Дејв. Јас прво ја видов на фотографија кога се разбудив. Дури по три недели можевме да ја земеме во прегратки. Не предупредија дека Ајви може да добие сепса, но таа продолжи само да напредува. Читав за чудата што им се случуваа на другите луѓе, а сега мав свое“, додаде Лаура. По 11 недели во болница, и закрепнување од бронхиолитис, Ајви дојде дома. Сега има девет месеци, а нивниот случај служи како пример на сите парови што имаат проблем со деца.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button