И покрај гласините дека се разведуваат, никој не знае што се случува со нив – Карлеуша и Душко за Велики Петок ги збунија фановите!
Пејачката која се обидува да го спаси бракот со фудбалерот Душко Тошиќ објави неколку фотографии од детството.
Но обожавателите се изненадија од овие фотографии. Имено, Карлеуша на нив многу помалку личи на себе, а многу повеќе на нејзината мајка Дивна Карлеуша која ја изгуби битката со тешката болест на 3 март оваа година.
Инаку, српските медиуми деновиве објавија вест дека парот се разведува. Овие гласини добија замав кога Душко и Јелена престанаа да се следат на Инстаграм, а според овие вести, Тошиќ наводно побарал развод по скандалот со експлицитните фотографии со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Најпрво фудбалерот реши да НЕ ја следи повеќе својата се уште законска сопруга на оваа социјална мрежа, а потоа тоа го направи и таа. Според медиумите, Душко одлука да се разведе од пејачката ја донел уште за време на скандалот меѓу неговата сопруга и Огњен Врањеш, но го одложил поради смртта на Дивна, мајката на пејачката.
Но сега, во пресрет на големиот христијански празник Велики петок и Велигден, кога верниците си ги простуваат сите гревови, решиле повторно да се следат на оваа социјална мрежа, што ги збуни нивните фанови.
Дали тие решиле да се простат или не ќе се дознае за кратко време, бидејќи и Карлеуша наводно му се заканувала со објавување на видео материјал кој би можел да му наштети на нејзиниот сопруг и на неговата кариера.
https://www.instagram.com/p/BwrZL1PB17W/
Овие информации деновиве ги објавија српските медиуми, како и тоа дека Карлеуша, наводно му кажала на својот сопруг дека ќе потпише развод, но само ако и даде 5 милиони евра. Според неа, овие пари не се ништо за фудбалерот бидејќи тој тежел околу 20 милиони евра, пишува Курир.рс.