И оваа пејачка ќе и биде снаа на Брена? Фановите во шок откако дознаа за новата љубов на Стефан, а ќе се изненадите и вие!

Стефан Живојновиќ, најстариот син на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ, честопати менува девојки.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојновиќ

Но, како што пренесуваат медиумите, и тој реши да се смири, и тоа покрај пејачката Габриела Пејчев, која се натпреваруваше во „Пинк sвезди“.

Како што почна да се шушка, миленикот на Брена „фрли око“ на згодната пејачка, и опасно се вљубил во неа!

„На Стефан долго време му се допаѓа Габи. Тие се познаваат еден со друг и нејзината енергија му одговара, му се допаѓа начинот на кој се однесува, дури имаат и иста смисла за хумор. Знам дека и Брена ја сака многу и нема ништо против неа. Стефан и таа неколкупати излегоа заедно, убаво им е… Стефан дури и се пошегува со пријателите дека Габи е негова и дека никој не смее да и се приближи“, вели изворот кој е близок до семејството на Лепа Брена и додава:

Фото: Инстаграм/ Габриела Пејчев

„И Габи не е имуна на неговото додворување, бидејќи се шушка дека неколкупати била во неговиот стан. Можеби веќе се во врска, но не сакаат јавно да се експонираат. Тие се многу симпатични како двојка! Стефан е слаб на пејачки, повлече на таткото му и брат му Филип“.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојновиќ

Инаку, медиумите објавија дека и најмладиот син на Брена, Виктор Живојиновиќ (22), деновиве ја донел својата девојка Сандра Миjаковиќ (26) во куќата на родителите.

Тие се во врска помалку од една година, а деновиве решија да живеат заедно во вилата во која живее и Брена.

Тие двајцата ќе живеат во еден дел од куќата, која се реновира и се подготвува, така што минатиот викенд биле видени како купуваат мебел! Како што пренесуваат медиумите, снаата на Брена е од Брус, а во Белград студира српски јазик и литература и работи како шминкерка. Таа дури ја шминка и својата идна свекрва за сите нејзини настапи!

Виктор и Сандра

„Виктор и Сандра се неразделни уште од првиот ден и тие навистина се сакаат еден со друг. Тој дури одлучи и да изгуби неколку килограми заради неа. Девојката го мотивираше да истрае во диетата и тренингот, па успеа да изгуби дури 54 килограми!“ вели добро информиран извор и додава дека младата двојка решила да живеат заедно за време на пандемијата на корона. Тие претежно престојувале во неговата куќа, а за брзи време се зближила и со Брена затоа што секој ден ја шминкала. Брена е воодушевена од нејзините вештини, па започна да ја рекламира и на социјалните мрежи. Таа и Боба дури и предложиле Сандра да се пресели кај нив!

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојновиќ
Фото: Инстаграм/ Габриела Пејчев
Фото: Инстаграм/ Габриела Пејчев
Фото: Инстаграм/ Габриела Пејчев
Фото: Инстаграм/ Габриела Пејчев
Facebook Comments
(Visited 5.961 times, 1 visits today)