И Нетанијаху НЕ можеше да одолее, па заигра како кокошка заедно со победничката

„Сите те сакаме. И донесе голема чест на нашата земја.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху не можеше да одолее, а да не го заигра танцот на кокошките со пејачката Нета Барзилај која што го посети во неговата официјална резиденција по победата на Евровизија.

ADVERTISEMENT

„Колку е забавно да ја запознаете Нета Барзилај во Ерусалим, напиша Нетанијаху на својот Твитер профил по нивната средба. На видеото објавено на Твитер се гледа како Нетанијаху ги прави познатите кокошкини движења со рацете карактеристични за пејачката.

 

Нета облечена во црвено, јапонско кимоно и со фризура на гејша победи на овогодинешната Евровизија со нејзината песна „Јас не сум твоја играчка“.

 

И во Тел Авив на илјадници фанови излегоа на улиците за да ја дочекаат и заедно да ја прослават победата со оваа симпатична 25 годишна девојка која овозможи Израел следната година да биде домаќин на Евровизија.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed