Нова боб фризура со која ги воодушеви сите
По миланската Модна недела и ревијата на „Долче и Габана“ кога се појави со најкратката фризура што сме ја виделе досега, италијанската дива Моника Белучи се прошета во француската престолнина на модата каде присуствуваше на гламурозната ревија на француската модна куќа „Диор“.
Моника како и многу други дами на ревијата се појави во креација од познатата модна куќа. Таа овој пат избра фустан со проѕирни ракави и со ѕвонест крој, а своето убаво тело дополнително го истакна со дебел, кожен ремен.
Црното издание од глава до пети славната италијанска дива го заокружи со очила за сонце и плико чанта, како и со црни високи чизми.
Сепак, во центарот на вниманието повторно беше поради нејзината нова боб фризура која убавата Моника овој пат ја нагласи со големи црни обетки.