И Миленко Неделковски го спореди пожарот во Нотр Дам со кулите близначки, а постои и опис на пожарот од 1831 година …

ADVERTISEMENT

Страшната глетка како гори познатата катедрала Нотр Дам во Париз го шокираше светот

Целиот свет е шокиран поради големиот културен губиток. По осум часа огнена стихија огнот е ставен под контрола, објавија париските пожарникари. Пожарот кој започна во понеделникот во раните вечерни часови, брзо се прошири и ја изгоре кулата, која потоа се сруши, а и целиот кров.

ADVERTISEMENT

Пожарникарите го спречија рушењето на главното ѕвоно, а еден пожарникар во пожарот е тешко повреден и засега е единствената жртва.

Иако се уште не е точно позната штетата постојат непотврдени извештаи во кои се вели дека трите средновековни стакла на прозорите кои се наоѓаат ја југ и север од катедралата експлодирале поради високите температури. Еден од овие прозори датира од 1225 а другите два од 1250 година.

Како што е познато за сега, од пожарот сочувани се вредните реликвии како што се Христовата круна од трње како и туниката на светиот Луј.

ADVERTISEMENT

 

Првите теории на заговор

Според некои теориите на заговор кои веќе се појавија и кои можат да се прочитаат на интернет, Нотр Дам го споредуваат со кулите близначки, па според нив некој што веќе стои зад кулисите и ги влече сите конци е виновен и за овој настан со цел да се одвлече вниманието од жолтите елеци. Во ваквата теорија верува и нашиот познат новинар и водител Миленко Неделковски, кој пожарот го споредува со рушењето на кулите близначки, но и со терористичкиот напад во Чарли Ебдо, автобусот и метрото во Лондон, Брисел… Малку чудно е тоа што тој не гледа аналогија во горењето на манастирот Св. Јован Бигорски, но за тоа во некоја друга прилика (!)…

И како што тоа обично се случува, при вакви настани обично се прелистуваат архивите, па се бара некој што сето тоа го претскажал во минатото. Но за среќа не требаше да се копа многу длабоко, бидејќи оние што ги читале лектирите, доволно е само да се присетат на едно големо дело.

Пожарот опишан во 1831 година?

Имено, како што на сите веќе ни е многу добро познато, токму оваа катедрала му беше инспирација на Виктор Иго за неговиот голем роман „Богородичната црква во Париз“. Оние што го читале делото сигурно се сеќаваат дека во приказната за грбавецот Квазимодо и убавицата Есмералда писателот опиша и сцена во која катедралата гори, па сега некои велат дека тоа било пророчки од негова страна.

Како и да е, тажно е тоа што едно ваква културна знаменитост можеше целосно да исчезне пред нашите очи, и што живееме во време во кое наместо да градиме нешто што ќе остане за идните генерации со кои тие би се гордееле со нас, ќе не памтат по деструкција, хаос и уништување. Но, токму затоа и не треба цело време да бидеме со очи широко затворени и крајно време е да почнеме заедно да ја градиме нашата иднина.

А не да ја рушиме!

Facebook Comments
(Visited 822 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT