И Лејди Гага може вода да и носи на Благица Павловска – пејачката ги изненади сите со ова свое издание
Само таа може да направи нешто вакво...

Познатата пејачка на народна музика, Благица Павловска, отсекогаш важела за една од најекстравагантните пејачки на нашата јавна сцена.
Таа е меѓу првите наши фолк-пејачки кои во своите настапи се осмелија да се појавуваат во провокативни изданија, а во својата младост важеше за една од најзгодните жени на нашата јавна сцена.
И за разлика од многу нејзини колешки, посебно оние од помладата генерација, кај Благица се’ е природно. Таа нема направено ниту една пластична операција на себе, но затоа отсекогаш знаела како да ги истакне своите физички предности и кокетирајќи со публиката секогаш привлекувала внимание.

Некои од нејзините провокативни фотографии за нашите магазини се уште се хит на социјалните мрежи, а дека е жена која знае како да привлече внимание популарната пејачка покажа и неодамна, кога објви неколку фотографии со необичен детаљ на главата и повторно се најде во центарот на вниманието.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Имено, таа тогаш носеше необичен фасцинатор со пердуви на главата, каков што некогаш носеле индијанските поглавици.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Благица во ова свое индијанско издание ги воодушеви сите, впрочем како и многу пати досега во текот на нејзината кариера.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Инаку, Благица во последно време често споделува објави за бездомни животни на кои несебично сака да им помогне.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Нејзината љубов кон овие животни е огромна, па ја користи својата популарност да помогне колку што може, но и да апелира до сите што можат да вдомат бездомно куче или да помогнат на било кој начин.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Благица тоа го направи и неодамна, за својот 65-ти роденден, кога го искористи овој ден за да ги повика своите фанови и пријатели наместо подароци да донираат пари за бездомните и напуштени кученца.
Таа овие средства ги собираше за една невладина организација која се грижи за бездомни кучиња кои се отфрлени, малтретирани и оставени на улица од неодговорни сопственици. Пејачката тогаш апелираше до сите што можат да донираат за асоцијацијата за помош на бездомни и загрозени кучиња (види тука), со што покажа колку ги сака овие животни дека не сака ниту едно од нив да страда.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска