И купи подарок за школо, а таа го фрли во ѓубрето – погледнете што потоа направи мајката за да ја воспита својата разгалена ќерка
Оваа мајка прво се шокираше, но потоа направи реакција од која ќе се воодушевите
Оваа мајка сакаше да ја израдува сојата ќерка, па поминала низ три продавници за да најде нов прибор со ЛОЛ ликови.
Но наместо насмевка и среќа, шест годишната ќерка на Хали Хасел буквално полудела кога го видела подарокот.
Нејзината мајка во првиот момент била шокирана, но потоа реши да направи нешто фантастично – мирно одлучи нејзиниот прибор да го дарува на некое сиромашно дете, а нејзината ќеркичка приборот ќе го носи на училиште во ќесенце за пакување храна. Таа сакаше со тоа да ја научи својата наследничка на важна животна лекција што ќе ја памти цел живот.
Хали на Фејсбук објави фотографии до целата ситуација и го опиша убаво целиот настан што и се случил.
„Госпоѓица Пресли денес научи тешка љубовна лекција. Бев во три продавници за да и го најдам оној ЛОЛ прибор за моливчиња кој што го гледате таму долу. Кога денес ја изненадив со него (мислев дека ќе биде пресреќна), таа само го погледна приборот, го фрли во корпата за отпадоци и ја тресна вратата од спалната соба. Таа викаше – Тоа е глупо, сите во мојот клас го имаат тоа. Не го сакам повеќе! ОК, но во тој момент ми излета чад од ушите и навистина се обидував да не ја изгубам контролата над ова дете за кое толку напорно работам за да финансиски бидеме сигурни и да има сé што и треба. Но отсекогаш ја учев да биде благодарна и да знае колку е среќна, но очигледно и треба еден мал повик за будење!“
„Значи, пред потполно да полудам пред своето дете, самата си повторував дека треба да се смирам. И кажав: ‘Во ред, дозволи ми да ти го најдам оној што ќе го користиш. Се вратив со нова футрола, која всушност беше обично мало ќесе од кујната што може да се затвори. Таа тогаш потполно го изгуби разумот. Одеднаш нејзиниот ЛОЛ прибор што го фрли во корпата за отпадоци беше добар, а кесето беше ужасно. И кажав да го извади ЛОЛ приборот и дека утре ќе го дадеме на некое сиромашно дете. На она дете чии мајка и татко немаат пари за школски прибор или на некое што нема мајка и татко.“
„И објаснив дека нема ексклузивно право на посебни работи и да и биде јасно колку е среќна во животот, така што сега ќе го користи обичнотo кесе и лично на некое дете ќе му ја подари приборот за моливчиња што ќе му биде од корист.“
Па, што мислите за реакцијат на оваа мама?