Реклама
Наши ѕвезди

И Карлеуша му простила на Душко за неверството со нејзината секси пријателка

Реклама

Некои медиуми деновиве тврдеа дека и сопругот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, не е цвеќе и дека веќе некое време се гледа со манекенката Софија Милошевиќ, поранешната девојка на неговиот колега Адем Љајиќ.

Големата секс афера во која во центарот се најде српската фолк пејачка Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш се уште го тресе регионот, а некои медиуми тврдат дека и сопругот на пејачката не е „цвеќе“ и дека веќе некое време се гледа со манекенката Софија Милошевиќ, поранешна девојка на неговиот колега Адем Љајиќ и пријателка на Карлеуша. Манекенката веднаш ги демантираше овие тврдења, меѓутоа медиумите објавија и снимен материјал што се појави на социјалните мрежи во кои Душко и Софија се забавуваат во еден познат ноќен клуб во Белград.

Маркетинг

Таблоидите веќе со денови пренесуваат дека се сретнале и запознале во еден ресторан на крајот на октомври минатата година, и дека и подоцна продолжиле да се допишуваат и гледаат. По кратка афера тие се вратиле на своите должности, но останале во контакт и се договарале за нови средби. Душко го искористил зимскиот одмор, да се врати во Белград и повторно да се сретне со моделот.

Маркетинг

Нивниот таен состанок наскоро беше откриен и, наводно, пријателите на Карлеуша и кажале за нивната романса. Кога дознала Јелена полудела, а според медиумите тогаш му се заканувала со развод и дека нема никогаш да ги види нивните деца. Душко и признал сé и ја пребродиле кризата. Се шпекулираше и дека токму поради шемата на Тошиќ со Софија е главната причината поради која и тој и опрости на својата сопруга јавната измама со фудбалерот Огњен Врањеш.

Но кога медиумите почнаа да пишуваат на оваа тема, манекенката остро ги демантираше, а нејзината објава дури и Карлеуша ја сподели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button