И Карлеуша беше воодушевена од ова младо момче од Македонија – го споредуваат со Тоше Проески
Тој се натпреваруваше и во 2017 година кога Јелана Карлеуша го спореди со Тоше Проески
Во последната емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ пејачот од Македонија, Јасмин Алиевски, настапи последен.
Тој настапи со песните „Зајди, зајди“ и „По тебе“, а во дуел со него пееше Викторија Лучиќ од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Овој дуел заврши нерешено, односно шест спрема шест, така што и двајцата кандидати се пласираа директно во следниот круг.
„Мислам дека кандидатите треба да ги споредиме со Тоше Проески. Ти тоа го проба, тоа може така, но мора да ја довршиш фазата. Во втората песна полна да ти тече гориво. Ви дадов гласови бидејќи бевте храбри. Натпреварувачката со песната се избори одлично, затоа и доби глас, ме изненади“, заклучи Марија Шерифовиќ по настапот на младите пејачи.
Потоа со свој коментар се јави и Ѓорѓе Давид кој му е ментор на Ѓорѓе, кој изви дека Јасмин направил голем напредок.
„Не ми е жал за ниту една капка пот кој што беше заради тебе“, заклучи познатиот рокер за својот кандидат.
Инаку, втората емисија од петтиот круг донесе многу борба и неизвесност, но и добра музика и одлични настапи.
Секако дека најтешко му беше на Саша Поповиќ кој од баражот требаше да избере само тројца кандидати за следниот круг.
Кандидатите и во баражот дадоа се од себе за да поминат, а откако завршија со своите настапи следуваше изборот на Поповиќ.
Па така од баражот во шестиот круг се пласираа Жељко Трбојевиќ (од тимот на Алексндар Милиќ Мили), Алекса Шуковиќ (од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ) и Велсан Зуловиќ (од тимот на Ѓорѓе Давид).
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд