И Карлеуша беше воодушевена од оваа Македонка, но погледнете како изгледа сега, ќе се изненадите
Многумина нема да ја препознаат во ова издание
Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, за време на натпреварот доби интересен прекар.
По еден нејзин настап Јелена Карлеуша која тогаш беше дел од ова шоу, беше воодушевена од нејзиниот перформанс и порака дека има тело како Ким Кардашијан и дека многу жени и завидуваат.
По овој коментар на ЈК, Груевска беше прогласена за македонската Ким Кардашијан, а таа со нејзините провокативни настапи ja шокираше публиката до крајот на шоуто во кое стигна до финалето.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Но Марија и по завршувањето на шоуто со својот имиџ привлекува внимание, само што овој пат повеќе на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
По „Ѕвездите на Гранд“ пејачката заплови во браните води со момчето кое цело време беше покрај неа и додека се натпреваруваше.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По свадбата за која се уште се зборува, тие заминаа во Германија, а Марија и од таму не престана да ги изненадува сите.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Имено, таа најпрво направи промена на бојата на својата коса и од опасна русокоса премина во таборот црвенокосите.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
„Секогаш подготвена за промени“, изјави таа, а неодамна тоа повторно го потврди кога исто така ги изненади сите.
Но наместо црвенокоса, таа сега е со потемна нијанса.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
„Повторно црна“, напиша Марија која во „Ѕвездите на Гранд“ го доби епитетот македонската Ким Кардашијан.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
А дека навистина е спремна за промени и дека оваа млада дама има храброст да експериментира со стиловите, таа го покажа и додека се натпреваруваше.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Некои нејзини настапи важат за едни од најдобрите на големата Гранд сцена, посебно кога на истата се појави со змија.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Таа тогаш пленеше и со своите провокативни комбинации, а на некои од нив потсетете се во продолжение.