И додека цел свет зборува за ова oпacно издание на Ким Кардашијан, БАЛКАНСКАТА поп-дива ја пpoвоцира со поранешниот сопруг
Ова нема да и се допадне на Ким
Откако Ким Кардашијан се појави во своето розово издание за кое зборува целиот свет, пејачката Јелена Карлеуша веднаш објави неколку слични на својот профил на Инстаграм.
Имено, најпознатата ријалити ѕвезда на светот на една американска телевизија се појави во костум во розова боја.
Ким ова издание го носеше на своето прво гостување како домаќин во гледаното телевизиско шоу „Saturday Night Live“.
Таа за оваа пригода носеше розов комбинезон припиен до нејзиното тело и капут со пердуви во иста боја.
Комбинезонот ги истакна нејзините бyјни oблини, а многумина ја критикуваа заради необичниот капут што го носеше.
И откакo светската ријалити ѕвезда го „поремети“ светот со ова свое издание, и Карлеуша ги објави сите свои розови комбинации.
Наводно потполно случајно најпознатата балканска поп дива објави неколку свои розови издание на Инстаграм, а нејзините бројни обожаватели воодушевено ги коментираа на социјалните мрежи.
Еден коментар привлече најмногу внимание, а на истиот одговори и Јелена Карлеуша.
„Најголемата инспирација на Ким Кардашијан отсекогаш“, напиша фанот, а Карлеуша одговори: „На Канје“.
И ако земеме во предвид дека сестрите Кардашијан често го разгледува профилот на Јелена Карлеуша на социјалните мрежи, нема да се изненадите ако балканската поп-дива повторно стане тема број еден ширум светот.
Така беше и во 2015 година кога Ким во своето отворено писмо до Карлеуша призна дека често и била инспирирана од неа.
Само да потсетиме, на почетокот од годината Ким поднесе барање за развод од реперот Канје Вест со кого има четири деца.
Кружеа приказни дека ја растуриле калимерата заради неверство на реперот што тој и го призна во својата нова песна.
Од друга страна пак Ким како причина за разводот наведе дека и пречи тоа што реперот постојано се сели од една во друга држава, како и дека сака да си пружи прилика конечно да биде повторно среќна во животот.
„Едноставно не можам повеќе вака. Не знам зошто си дозволувам самата на себеси да бидам на истото место каде што пред неколку години заглавив. Тој секоја година се сели во друга држава, а јас морам да се обидувам да не држам сите на едно место и да ги одгледувам децата.“
„Но, признавам, тој е прекрасен татко и направи неверојатна работа“, откри Ким неодамна.
Интересно е и тоа што тие неодамна беа видени заедно, па многумина се надеваат дека повторно се смириле.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша