И додека сите зборуваат дека Бали-бег решил да ја остави, таа објави ФОТОГРАФИИ и покажа како изгледа среќна мајка!
Фахрие Евџен ужива во зајдисонцето
Познатата турска актерка Фахрие Евџен во последно време не ја крие среќата заради својот приватен живот.
Имено, таа редовно објавува семејни фотографии со својот син Каран, па дури и за време на одморот во луксузната вила кога беше добро расположена и дозволи на папараците да ја фотографираат во вакво издание.
Таа деновиве на инстаграм сподели нов сет фотографии на кои е со својот наследник и тоа на зајдисонце.
Фотографиите ги воодушеви нејзините фанови од целиот свет и за кратко време добија голем број лајкови.
Посебно беа среќни оние што претходно беа загрижени дека нешто се случува во нејзиниот љубовен живот со Бали Бег.
Имено, турските медиуми во последно време не ретко пишуваат дека бракот помеѓу познатите актери е на „лабави нозе“.
Наводно тие имаат проблеми, и тешко се соочуваат со брачната криза во последните неколку месеци.
Но и харизматичните Бали-бег и Неџла, со своите фотографи на социјалните мрежи како да сакаат да покажат дека овие гласини се далеку од вистината, па редовно споделуваат идилични моменти од нивниот семеен живот. А тоа што на овие фотографии го нема нејзиниот сопруг, тоа сигурно ќе заврши во турските таблоиди како причина која што повторно ќе ги разгори сомнежите дека меѓу нив двајцата нешто се случува, а тие наводно не сакаат тоа да го откријат. Но дали има вистина во овие гласини или не, времето ќе покаже.
Сепак тие се еден од најпознатите турски парови, па голем број фанови навиваат дека љубовта ќе победи.
А во кој брак нема проблеми, нели?