И додека многу наши се селат од тука, Гавазова ја избра Македонија – еве каде живее сега со сопругот
Малкумина знаат дека нашата позната фолк-пејачка по потекло е од Егејска Македонија
Нашата позната фолк пејачка покажа како ужива кога е во Шведска
Пејачката деновиве се огласи преку социјалните мрежи и сподели неколку снимки и фотографии што ги направи во Шведска.
Таа престојуваше во гратчето Бастад, а покажа и како изгледа градското пристаниште за луксузните јахти во ова место
Сепак, како и секогаш, оба ѓто привлече најмногу внимание беше модното издание на нашата позната пејачка.
Облечена во кусо карирано здолниште и обична бела маичка Гавазова едноставно блескаше во оваа своја модна приказна, а целото издание го зачини со бели патики, црвен кармин и тренди очила за сонце.
Инаку Гавазова токму во Шведска го запозна својот сегашен сопруг.
Тие таму живееја неколку години, но во еден момент ќе одлучат да се вратат во Македонија каде таа ќе може да продолжи со својата кериера.
Нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ долго години живееше и работеше во Шведска, но сега во Македонија се чувствува како дома.
Тие се запознале за време на нејзина турнеја во оваа земја, и по само еден месец врска Јасмин ја побарал за жена.
„Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.
Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.
Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер,
А потоа почна да му смета и на Јасмин. Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија.
Македонија си ја опишавме како ,,Земјата на сонцето” а сонцето дава убава и позитивна енергија и овде сме пресреќни.“ изјави пејачката во една пригода за Фокус.мк.
Таа и нејзиниот сопруг изградија семејна вила во Дојран, во која планираат да го поминуваат слободното време. . …
„Јас сум по потекло од Егејска Македонија, поточно од село Едзилари, Кукуш, и најверојатно ме влечат корените натаму. Дојран е близу Кукуш и има Медитеранска клима што многу ни одговара и преубаво се чувствуваме таму, ни се допаѓа и храната, а и луѓето се многу пријатни и топли“, изјави пејачката за споменатиот портал истовремено откривајќи зошто го избрала токму ова место за живеење.