И додека Карлеуша носи само луксузни брендови, Вики ги „зaпaли“ социјалните мрежи со кинecки чизми од 110 долари?
Пејачката Вики Миљковиќ направи хаос на социјалните мрежи со своите објави во рамките на „Инстаграм приказни“.
Таа објави снимка од новите штикли на кои има изгравирано часовник со песната од колешката Елма Синановиќ „Сат што касни“ („Часовник што доцни“, заб.прев.).
Вики веќе со години вложува во својот стајлинг, но овој пат предизвика големо внимание со нејзините нови штикли.
Имено, нејзините чизми предизвикаа полемика на социјалните мрежи, и додека едни сметаат дека во прашање е мало, но вистинско уметничко дело, за другите нејзиниот избор претставува вистински кич.
Имено, познатата фолк пејачка на својот профил на социјалните мрежи позираше во необичните чизми со високи потпетици, а некои корисници истите ги имаат забележано на еден популарен кинески сајт за продажба.
Идентични чизми како нејзините можат да се порачаат за цена од околу 110 долари, а Миљковиќ се уште нема откриено дали навистина ги порачала од кинеската продавница и колку платила за нив.
„Вики никогаш немала стил“, „Викице, смени го стилистот, хорор“, „Каков кич“, и коментираа незадоволните фанови.
Но имаше и такви кои го пофалија нејзиниот стил.
„Вики отсекогаш била оригинална, Вики, изгледаш прекрасно“, „Вау, какви чизми, па тоа го може само кралицата Вики“.
Погледнете ги спорните чизми во галеријата што следува и кажете ни и вие што мислите за нејзиниот избор?
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин