Реклама
Вирално

И граѓаните во Германија се во паника – рекордни бројки со заразени од коронавирусот, на полиците снемува тоалет хартија

Реклама

Голема е верјатноста да следува „локдаун“ и за Божиќ

Лотар Вилер, директорот на институтот Роберт Кох, главниот епидемиолошки институт во Германија, во четвртокот по подолг период повторно се појави на прес-конференција пред новинарите. Но, неговиот настап не беше толку драматичен колку што тоа беа бројките што ги претставуваше: над 11.000 нови инфекции за еден ден, вредност што досега беше незамислива во Германија.

Маркетинг

Но, и покрај ова, Вилер изгледаше смирено: „Ние сè уште имаме шанса да го спречиме понатамошно ширење на вирусот. Ние не сме беспомошни”.

„Секоја индивидуа може значително да го намали ризикот од инфекција ако ги почитува правилата за хигиена, држење на дистанца и носење маска. Дури и ако во близина се најде некој заразен случај. Значи, сè уште треба слепо да ги следите овие правила“, предупредува тој.

Маркетинг

Институтот „Роберт Кох“ неколку дена по ред бележи повеќе од 11.000 нови инфекции со коронавирус, што се многу поголеми бројки отколку што беа во текот на „првиот бран“ на вирусот во пролетните месеци.

Повторно сите зборуваат за „заклучување“

Поради ваквата состојба, во Германија се разви жестока дебата околу тоа дали повторно ќе се воведе карантин, како што беше случајот кога се појави вирусот во текот на пролетните месеци, што би значело сведување на минимум на јавните, приватните и економските активности.

Некои европски земји, како што се Белгија или Чешка, веќе ја воведоа оваа драстична мерка.

На сите сè уште им е во сеќавање првата блокада што се случи во март оваа година – празни улици, затворени училишта и градинки, ресторани. На улиците атмосфера како во хорор филмовите, без минувачи.

Економијата работеше како на шкрги, а државата потроши милијарди за да ги ублажи последиците од оваа состојба, на пример преку мерките со скратено работно време, пишува „Дојче веле“.

Искуства од претходниот карантин

Но, каква е ситуацијата сега?

Главната цел на политиката која што канцеларката Ангела Меркел упорно ја повторува, е да се избегне повторна блокада. Германија е навистина многу подобро подготвена за ново зголемување на бројот на заразени отколку што беше случајот во текот на пролетта. Експертите се подобро запознаени со вирусот. Во тоа време, најголемиот страв беше околу прашањето дали болничкиот капацитет ќе биде доволен. Но, тој страв се покажа како неоправдан.

Здравствениот систем сега се потпира на искуствата стекнати за време на првиот бран. Исто така, нема проблеми со снабдувањето со важни материјали како што се заштитни маски, што сепак беше голем проблем на текот на првиот налет на вирусот што се случи оваа пролет.

Во меѓувреме, компаниите развија нови ефективни концепти за хигиена за своите вработени.

Можни временски ограничени и карантин на локално ниво

Поради сето ова, германските политичари, вклучително и претставникот на партијата Левица, Анке Домшејт-Берг, не веруваат во нова блокада.

„Германската блокада што се случи оваа пролет дури беше и блага во споредба со другите земји. Сепак, сè треба да се стори за да не се повтори и да се намалат последиците од можните нови ограничувања”, изјави тој за ДВ.

Домшејт-Берг смета дека во случај на неконтролирано натамошно зголемување на бројот на заразени, ќе се применат просторно и временски ограничени мерки, како што е случајот со баварскиот Берхтесгаден, омилен туристички центар под Алпите, каде што е во сила нова блокада („локдаун“). На жителите таму им е дозволено да ги напуштат своите станови но само кога имаа оправдана причина, а туристите мораа веднаш да го напуштат местото.

Следењето на текот на инфекцијата е најголемиот проблем

Но, иако Германија се чини дека е добро подготвена, директорот на Институтот Роберт Кох, Вилер, е загрижен за еден аспект. Имено, забележливо е дека вирусот во одредени области се шири неконтролирано бидејќи не е можно да се следи текот на инфекцијата.

Само пред неколку недели, вирусолозите забележаа дека короната повеќе не се шири како во првиот бран – линеарно во одредени области – туку во ширина.

Следењето на текот на инфекцијата е задача на здравствените канцеларии кои сега работат на работ на капацитетот. На ова предупреди и баварскиот премиер Маркус Содер, кој посочи на многу потребниот мониторинг на текот на инфекцијата: „Не верувам дека Германија е поштедена“.

Повторно проблеми со тоалетна хартија

Засега, рестораните и продавниците остануваат отворени, како и училиштата и градинките. Но, сепак е важно да се намали бројот на контактите. Впечатливо е тоа до кој степен политичарите апелираат до граѓаните за индивидуална одговорност. Но, поради зачестените дискусии за нова можна блокада голем број граѓани веќе се вознемирени, а тоа се рефлектира во зголемената побарувачка за еден хигиенски производ – малопродажбата веќе се почесто бележи недостаток на тоалетна хартија во некои региони.

Овие полици беа празни и во текот на пролетта, така што тоалет хартијата стана еден вид симбол на коронакризата. И тогаш и денес, одговорните во малопродажбата апелираа до потрошувачите дека нема потреба да создаваат залхии. Но, како тогаш, така и сега ваквите апели не помогнаа многу, а ситуацијата беше слична и кај нас, во Македонија.

Блокада за Божиќ?

Добро познатиот вирусолог Кристијан Друстен од една берлинска клиника ја спомена можноста за временски ограничено заклучување за време на Божиќ. Тој објави на Твитер дека за оваа идеја, која се почесто се споменува во Велика Британија, „вреди да се размислува“. Но, како ова ќе влијае на расположението на Германците е повеќе од сомнително. Многумина се веќе видно разочарани од одложувањето на Божиќните саеми.

Овој феномен не е карактеристичен само за Германците

И во Македонија за време на претходните ригорозни мерки и карантинот, рафтовите во продавниците беа празни.

Покрај тоалетната хартија, се празнеа рафтовите со макарони, шпагети, масло за јадење, брашно и конзерви, но и дезинфекциски средства и хируршки маски. Од фотографиите од тоа време можеме да видиме како исплашените граѓани ги полнеа количките, се чекаа редици во маркетите, а дезинфекциските средства, ракавици и маски ги снемуваше и од рафтовите во аптеките.

Ваквата ситуација во Македонија настана посебно откако министерот Венко Филипче ги најави посебните мерки заради епидемијата. Паника најверојатно настана и заради информациите што пристигнуваа од Италија од каде со денови ни доаѓаа слики на полупразни продавници и гужви.

Слична беше ситуацијата и во другите земји од регионот, па нема да се изненадиме ако наскоро ги гледаме повторно ваквите слики и кај нас, а трговците повторно имаат проблеми со залихите.

Нема потреба од трупање залихи

Тогаш здруженијата за заштита на потрошувачите препорачуваа дека секој граѓанин во ваква ситуација мора да биде крајно одговорен, за да се спречи паника и создавање недостиг. Прекумерното и непотребно купување може да предизвика недостиг и да поттикне пораст не цените, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Значи треба да се биде одговорен во се, па и во купувањето.

Во вакви времиња, како што велат тие, не е лошо да се има некои продукти и потребштини дома, но не цели контингенти, туку количества кои се доволни за неколку дена, зошто може да се случи поради скратеното работно време на продавниците или некоја друга причина да не отидете во купување. Освен тоа, купувањето за неколку дена однапред може да ги намали гужвите во продавниците и да ги проретчи излегувањата и социјалните контакти.

-Не е на одмет да се има неколку резервни пакувања влажни марамчиња, тоалет хартија, две или три литри масло, до две – три пакувања тестенини, ориз, мала залиха на грав и неколку конзерви. Во домашната аптека, посебно во ваква ситуација добро е да се има лекови за снижување на температура и витамини – не предупредуваа тогаш од здруженијата што ги штитат правата на потрошувачите.

Во Македонија мобилизација на здравствените работници

Од министерството за здравство на Македонија информираат дека министерот Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.

На состаноците било договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капацитети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19.

„Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, потенцираше министерот Филипче.

Тој исто така додаде и дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

Не се групирај за викенд

Непосредно пред празникот, Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи го напиша следново:

„Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распространет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“.

Бројките загрижувачки

Последните бројки со новозаразени министерот за здравство ги соопшти вчера. Тој тогаш напиша дека во текот на последните 24 часа беа направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Фото: Индекс.хр, Гламур

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button