И градоначалникот од Кисела Вода им се приклучи на момците од ДНК – хуманиста што ја направија ја расплака Биљана (фото)
Иако се ретки, сепак постојат луѓе кои секојдневно покажуваат хуманост и носат насмевки на лицата на луѓето!
Во земјава постојат луѓе кои ја враќаат вербата во добро, а меѓу нив се и Панчо и Андреј од познатото поп-дуо ДНК, а сега во нивната мисија се приклучи и градоначалникот на Кисела Вода.
Откако двајцата пејачи ја посетија скопјанката Биљана Блажевска и апелираа до сите хумани луѓе да помогнат, на повикот се одзва градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Заедно со Панчо тие ја посетија Биљана и однесоа дрва за огрев, но и електричен шпорет, а таа пак не можеше да ги скрие солзите радосници.
-Ја видов потресната сторија за госпоѓа Билјана.
Морам да признаам дека многу ме погоди, нејзината борба за живот е рамна на херојство, битката за нејзините болни синови исто така.
Ме погодуваат сите вакви случувања од животот кога во еден момент се руши светот, губиш сè, се соочуваш со болести …
Животот понекогаш не е фер, но исто така постојат и многу хумани луѓе кои ѝ помагаат.
Денес се вклучив и јас, во заедничка акција со ДНК се потрудивме Билјана зимата да ја помине во топло.
Од нас побара електричен шпорет кој го обезбедивме, но и доволно огревно дрво за да ја помине целата зима. Но, тука не завршуваме, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
-Проблемите на тетка Билјана се наши заеднички проблеми. Како општество мораме да бидеме хумани и да направиме сè за да ѝ го олесниме животот, нејзината болка да ја ублажиме, а тешкотиите да ги надминеме.
Солзите радосници и убавиот благослов за мене се најголема награда.
Знам и дека има уште многу други хумани луѓе кои ќе помогнат, знам дека заедно ќе успееме.
Билјана заслужува достоен живот.
Посакувам да има што помалку вакви потресни стории, посакувам животот на никого да не му приредува вакви или слични премрежја.
Мојата мисија е општина Кисела Вода повеќе да нема вакви случаи и заеднички тоа и ќе го постигнеме!-напиша градоначалникот.
Билјана иако е со вишо образование, млада заминува како технолошки вишок, а денес е со минимална пензија.
Во најтешкиот период кога губи сè во животот, таа цели седум години останува и без ниту денар приход.
На свои 69 години работи на пазар од 08 до 16 ч за само 200 денари, нема дрва за огрев, и требаат врати, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се мачи со нејзините два сина од кои едниот е срцев болесник и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот.
Имаат потреба и од храна, па доколку некој е во можност секоја помош е добредојдена.