И во карантин ги израдува: Дарко Лазиќ се потруди децата за Велигден да добијат подароци
Поради актуелната состојба во Европа, кога сите држави се затворени во карантин, популарниот српски пејач Дарко Лазиќ се потруди неговите деца да добијат велигденски подароци.
Лазиќ карантинот со сопругата и синот ги поминува во Брестиќ и како и сите други пејачи, музичари и естрадни уметници нема настапи, па времето го поминува дома.
https://www.instagram.com/p/B-mfIKsHJHJ/?utm_source=ig_embed
– Сакам празниците да ги поминувам со своето семејство, но за жал, често работев и имав многу обврски. Сега е идеално за семејството. Организирав семеен ручек во целосно пријатна атмосфера. Подготвив прекрасна гозба, рече Дарко.
Во неговото семејство децата традиционално добиваат подароци за сите празници.
– Јас уште како дете добивав подароци од зајкото. Но со оглед на тоа што годинава условите се специфични, никој нема да добие подарок освен Алексеј и Лорена. И тоа од мене и од Марина. Има тука разни пакетчиња кои ќе им ги подарам наместо велигденските зајчиња“, рече тој.