Вести

И Вицепремиерот Битиќи се пожали: Со семејството се сликавме за пасоши пред 32 дена, уште ги немаме

Advertisement

Штета што оваа влада се соочи со многу надворешни кризи и голем дел од средствата мораше да се насочат на санирање на последиците од тие кризи.

Предвидувањата на Светска банка беа дека во Ковид кризата Македонија ќе загуви 98 илјади работи места, но ние спасивме 80 илјади работни места и за тоа никој не зборува, вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Advertisement

Тој вели дека се направени низа добри работи за овие седум години, но жал му е што не се успеа да им се помогне на студентите со нов студентски град. Студентски дом се направи во Тетово, каде што никогаш немало, но таков треба да има и во Штип, вели Битиќи. Тој се залага за сериозни реформи во образованието и да не се случува да бидеме на дното на ПИСА листите.

За автопатот Кичево-Охрид што го гради кинескиот конзорциум Битиќи вели дека на толку многу анекси компанијата не си ги исполнува обврските и оттука смета дека повеќе нема потреба да се разговара со некој кој не ги исполнува ветувањата.

Вистински верувам дека тоа што сме го направиле е со добра намера. Второ сите чекори се институционални и нема простор да не се бранат. Секој ден гледам дека општеството сака да живее во средена средина, ама ако може за нас малку да се замижи на едното око.

Иднината на нашата земја е владеење на правото, а не градење паралелни системи. Институциите мора да функционираат добро за сите, а паралелен систем сме виделе колку е лоша работа, тефтери за едно, за друго, и треба време за да се уредат тие работи, рече вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, во денешното „Студио 10“ на ТВ 24.

Јас не сум се јавил на министерот за внатрешни работи јас и моето семејство да си ги земеме пасошите оти сме сликани пред 32 дена и нема да го сторам тоа, ќе чекам. Верувам дека оваа држава може да функционира исто за сите оти сите сме граѓани на оваа земја, вели Битиќи.

Битиќи за застојот со вадењето пасоши вели дека е тоа инструирано од ВМРО-ДПМНЕ со лажни закажувања што предизвикале системот да падне, за подоцна нивниот министер за МВР да го „реши“ проблемот со 50.000 фиктивни јавувања.

Тој додава дека има паралелен список за фотографирање што е со термин по завршување на работното време кој го нарече „сваровски“ список.

Кога ме прашуваат зошто влегов во политика и во СДСМ, јас велам дека сум земал од ова општество и се чувствувам должен да возвратам и еден ден да можам да им кажам на моите деца дека сум се обидел да направам подобро, вели Битиќи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button