Не се само Турчинките „слаби“ на него
Шукру Озилдиз (30) важи за еден од најпознатите и најомилените актери во Турција, посебно за претставничките на понежниот пол. Но тој е мошне познат и надвор од Турција благодарение на социјалните мрежи каде што го следат повеќе од милион фанови.
Многумина се убедени дека ќе успее да го тргне од тронот Бурак Озџивит, познат како Бали-бег кој го следат и многу Македонки. Особено сега откако Бурак е веќе оженет човек, новопечен татко кој заплови во родителските води, со што му остави празен простор на овој убавец.
Покрај Турчинките, по него лудуваат и девојките од Грција, а сето тоа затоа што неговата мајка има грчко потекло.
Покрај неговата убавина, Шукру има и одличен стил, а на социјалните мрежи привлекува внимание и со своите модни комбинации.
Од 2011 година е појавува во главни улоги во познати турски серии и има неверојатен талент за глума.
Минатата година требаше да се ожени со неговата долгогодишна девојка Рабија Јаман која по професија е стилистка.
Но само неколку дена откако се верија, турските медиуми пренесоа дека се разделиле по жестока кавга, а набргу потоа ги отстранија и сите заеднички фотографии од нивните профили на социјалните мрежи.