ИТНО СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА ГЕРМАНИЈА – Плата 3.880 евра! Може да се аплицира со МАКЕДОНСКИ пасош!

Плановите на германската влада за инвестирање во соларни извори на енергија, според проценките, ќе бара дополнителни 100.000 работници.
На крајот од 2022, во овој сектор биле вработени околу 65.000 луѓе.
Според Карстен Керниг, директор на здружение за соларна енергија во Германија, секторот треба да вработува околу 165.000 луѓе во следните години.

Фото Пекселс
Проценките се основаат на целите на германската влада, според кои се предвидува годишниот фотонапонски капацитет да достигне 26 гигавати до 2026, што е трипати повеќе од 2022.
Работници во секторот се потребни и денес со оглед на тоа што девет од 10 фирми од индустријата бараат работници. Побарувачката за соларни панели кај приватните сопственици на домови и фирмите се зголемила за 36, односно 40 отсто минатата година.

Фото Пекселс
Електричната индустрија претрпува револуционерни промени, при што обновливите извори на енергија се повеќе стануваат централен дел од глобалната енергетска сцена.
Германија, како еден од пионерите во соларната индустрија, бара експерти или оние кои сакаат да станат таков, за да го засилат својот тим.

Фото Пекселс
-Работата како монтер на соларни панели не само што ви овозможува да го искористите вашето техничко знаење, туку давате и можност да бидете дел од индустријата која е иднината на енергијата, се наведува во еден од огласите.
Во Соседна Србија веќе се организираат интервјуа за работа, а како што е наведено, организаторите посочуваат дека за разговор со работодавецот не е потребно познавање на германски јазик, но е пожелно.

Фото Пекселс
Mожат да аплицираат и граѓани кои немаат ЕУ пасош!
Дополнително, обезбедена е професионална обука и курс по германски јазик за сите кандидати кои ќе бидат успешни на интервјуто.




