Италијанската секс бомба ја освојува Америка – цела плажа гледаше во нејзиното совршено тело, а потоа реши да покаже колку е еластична

Италијанската манекенка и ѕвезда од ријалити програмите Клаудија Романи (37) искористи ден без дожд на Саут Бич, познат кварт во Мајами, и на една од локалните плажи реши да повежба јога.

Познатата старлета на песочната плажа покажа колку е еластична и издржлива, изведувајќи стој на главата и уште неколку други тешки јога пози.

ADVERTISEMENT

Бидејќи своевремено беше прогласена за една од 100-те најубави жени на светот (оваа титула и ја даде германското издание на магазинот ФХМ) нејзиното вежбање го привлече вниманието на случајните минувачи.

Секако, тоа беше и заради тоа што оваа згодна Итлијанка вежбаше јога во минијатурни бикини со кои дополнително ги истакна своите атрибути.

Facebook Comments
(Visited 1.076 times, 1 visits today)