Истражувањето докажа: Лошиот шеф може да ви предизвика сериозни здравствени проблеми

Ако имате шеф кој не ве почитува, најчесто се изложувате на ризиците што доведуваат до кардиоваскуларни болести.

Дури 400.000 американски работници од сите профили биле испитувани во една голема студија со наслов “Доверба на работното место и ризикот од кардиоваскуларни заболувања”, а резултатите потврдуваат дека ако имаат лош шеф значи дека повеќе биле  изложени на инфаркт.

Поедноставено е интерпретацијата на истражувањата објавени од страна на Меѓународниот дневник за истражување на животната средина и здравјето од Швајцарија, што докажува дека лошата работа е поврзана со срцеви заболувања.

ADVERTISEMENT

Истражувањата покажаа дека луѓето кои не им веруваат на нивните шефови се со поголема веројатност да станат зависници од пушење, да имаат висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол. Под недостаток на доверба е деловен однос во кој “не можете да се потпрете на взаемно разбирање, искреност и почит помеѓу претпоставениот и подредениот”.

Значи, ако имате шеф кој не ве почитува, најчесто се изложувате на ризиците што доведуваат до кардиоваскуларни болести. Голем дел од луѓето ако се, нападнати или малтретирани од страна на шефот, го ослободуваат стресот, преку пушење цигари, нездрава исхрана и алкохол.

Facebook Comments
(Visited 21 times, 1 visits today)