Иста како мама – цела плажа гледаше во ќерката на македонската Брижит Бардо. Преубава матурантка
Ќерката на Мелита Ракичевиќ си „грми“ на плажа, никого не остава рамнодушен
Младата Барбара Ракичевиќ вредно работи на својата музика кариера, но и знае како да ужива во животот со полни гради.
Наследничката на поранешната македонска водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара, објави неколку пикантни фотографии.
Таа ги спакува куферите и замина да си ги наполни батериите, а фотографиите што ги објави од плажа никого не оставија рамнодушен.
Таа позираше во мини сукња и мрежест горен дел под кој се гледаше црниот костим за капење, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело кое очигледно го наследила од својата мајка.
Барбара со овие свои фотографии уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите ќерки на нашите познати лица.
Веднаш следуваа бројни позитивни коментари, а фотографиите ги објави и нејзината мајка Мелита.
Многумина коментираа дека Барбара е иста како мама, додека други редеа пофалби на сметка на нејзиниот совршен изглед.
Инаку, Барбара која тргна по стапките на нејзината мајка, па едно време беше и водителка во најпопуларната естрадна емисија „Бекстејџ“, а во последно време вредно работи и на својата музичка кариера, оваа година е матурантка. За нејзините матурски фотографии се уште се зборува на социјалните мрежи, посебно за фотографијата на која покрај мама е и нејзиниот татко.
Имено, тогаш најголемо внимание привлече фотографијата на која Барбара позира, насмеана и во своето прекрасно матурско издание, со своите двајца родители – некогашната позната водителка Мелита Ракичевиќ, и нејзиниот татко, Владимир „Соме“ Ракичевиќ, кој беше познат менаџер на ноќниот живот во Скопје во 90-те години.
Мелита и Соме се разведоа уште додека Барбара беше мала, но токму заради нивната ќерка останаа во добри односи.
Нивната наследничка во последно време целосно е посветена на својата кариера како пејачка. Таа зад себе има веќе две песни кои се вртат на нашите радиостаници и неколку настапи низ Македонија.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ