Исповест на Македонец кој замина да живее во Германија: „Имам две факултетски дипломи, а тука работам како молер!“
Васе Р. (28) има завршено два факултети – економски и социологија. И двата ги завршил со десетка.
Во Германија прв пат дојде во септември, неколку месеци пред да биде прогласена пандемијата заради вирусот корона.
Васе реши да ги скапува своите куфери и да си замине бидејќи животот во Македонија воопшто не беше лесен за него.
Откако дипломираше, не можеше да се вработи никаде како економист, па цело време работеше како келнер. Редовно одеше на интервјуа за работа, се додека потполно не се разочара затоа што сите огласи беа однапред наместени, а тој требаше само формално да се појави на разговор.
Не беше во ниту една партија и никој не сакаше без врски да го вработи, па како келнер работеше од средно училиште.
Неговите родители се просветни работници, со мали примања, а бидејќи имаат и две помали ќерки, Васе не сакаше премногу да ги оптоварува и работеше и за време на студиите.
Но еден ден реши да извади бугарски пасош, бидејќи тоа беше единствениот начин да замине преку граница.
– Воопшто не се согласувам со она што го прават Бугарите, но морав да го направам тоа. Во спротивно ќе требаше да останам во Македонија каде животот ми се претвори во борба за преживување без никаква иднина. Затоа решив да извадам пасош и што поскоро да заминам некаде.
И неговата девојка со слична судбина
Како што раскажува Васе, тој во Германија заминал заради подобар живот. Се уште не е женет, иако има девојка со која долго време се заедно. Но како што вели тој, и неговата сакана не е од богато и ситуирано семејство, па не можат да планираат ништо бидејќи ниту имаат пари за свадба, ниту пак каде да живеат. Таа само повремено работеше, и бидејќи живееја во Скопје, под кирија, нивните родители морале да им помагаат за да преживеат од први до први.
– Сега во Германија живеам во Берлин, а во Македонија по потекло сум од многу мало место.
– Многу мои пријатели заминаа да работат во Германија, па си реков зошто да не го направам и јас тоа. Кога можат тие, можам и јас. Сé што ми треба е да извадам бугарски пасош и да позајмам пари. Се договоривме со девојката таа да се врати дома, да не го плаќаме станот во Скопје, туку да имаме повеќе пари за да почнеме нов живот во Германија.
И така Васе ја оставил својата девојка во Македонија и заминал за Германија. Планирале по некое време да ја „повлече“ и неа.
– Кога пристигнав со помош на еден пријател успеав да најдам работа во еден ресторан. Но бидејќи не го знаев јазикот, не можев да работам како келнер, нешто што сум го работел и во Македонија, туку работев во кујната. Миев садови, а газдата кој беше Босанец, сакаше да ми помогне.
– На почетокот не бев многу задоволен, но сепак беше многу подобро отколку во Македонија. Парите што ги добивав не беа големи, но со нив успевав некако да го истуркам месецот, па дури и нешто да ми остане. И само што почнав да се навикнувам, дојде короната.
– Газдата мораше да го затвори ресторанот, затоа што не можеше финансиски да ги издржи трошоците. Но човекот испадна фер, па пред да ме отпушти ме препорача кај еден негов пријател кој имаше фирма за молери.
И така Васе, кој во Македонија беше академски граѓанин, и тоа со две дипломи, во Германија започна да работи како молер. Тој оваа работа се уште ја работи, за некој месец скоро цели две години, и како што вели самиот, работата на почетокот му била тешка, но брзо ја научил и сега му е многу полесно.
„Оној што ја знае добро оваа работа, за него не е тешко, но не е ни лесно. Сепак, мора многу да се работи, за да се заработи“, вели тој.
И откако почнал да оди постојано на работа, финансиската ситуација полека му се подобрила и тоа во време на кризата предизвикана од короната. Заради епидемиолошките мерки долго време не можел да се врати во Македонија, а и плановите да ја донесе и неговата девојка се искомплицирале.
Но сега се надева дека епидемијата конечно ќе заврши, па ќе можат полесно да ја планираат својата иднина.
„Кога ќе заврши ова со короната, планирам да дојдам во Македонија и да направам свадба. Потоа со сопругата заедно ќе дојдеме“.
– На почетокот таа не мора да работи, но ако сака, би можел да и најдам работа како домаќинка во еден хотел. И таа има завршено факултет, но знае дека со него тука не може ништо да направи. Можеби во иднина, откако убаво ќе го научиме јазикот, па ако довршиме и некои курсеви тука.
– Што се однесува до мене, јас можеби за некое време ќе отворам фирма. Работата ми оди добро, само голем проблем ми е тоа што се уште не знам добро да зборувам и пишувам германски. Ако отворам фирма, ќе имам проблем со документите, со плаќање на данок и слично. Инаку работа има и мислам дека ќе има се повеќе.
– Но што се однесува до мене, јас можам да работам како молер или ако научам некој друг занает, бидејќи во Германија има потреба од градежни работници, а нашите факултетски дипломи тука ништо не ни значат.
Како и да е, Васе денес, по нешто повеќе од две години поминати во Германија, вели дека е задоволен и покрај тоа што се уште работи како молер.
– Неговата финансиска ситуација сега е многу подобра, а се надева дека во блиска иднина ќе биде уште позадоволен. Тој вели дека како молер денес живее во Германија подобро отколку просветните работници во Македонија, професија со која што се занимаваат неговите родители.
Во Македонија можеби би имал помирен живот, но од друга страна пак би имал и многу повеќе грижи.
„Кога човек нема пари самиот на себеси е непријател“.
– Тука можеби немам ниту еден слободен ден, но затоа квалитетот на животот не можам да го споредам со оној во Македонија. Понекогаш работам и по 14 часови на ден, но она што успеав да го заработам за овие две години, дома не би можел никогаш да го заработам.
– Но еве, не се жалам, иако не е лесно. Сите оние што го поминале овој пат знаат дека во Германија не тече мед и млеко. Тоа нашите луѓе не го разбираат, но потполно ги разбирам и јас нив. И јас мислев дека секаде е подобро од дома, бидејќи навистина бев многу разочаран, но сега, нема ден, а да не помислам на најблиските, пријателите, девојката…
– Но сепак, да бидам искрен, немам намера да се вратам, а единствена желба ми е и моите да ги донесам тука.
– Тука на сите ќе ни биде многу полесно, тоа го знам. Можеби единственото нешто за што се каам е тоа што учев два факултети, наместо порано да си заминам. Досега можеби ќе завршив некои студии тука, но сепак, знам дека она што го имам научено, еден ден ќе ми се исплати.
– Бидејќи нели знаењето е богатство, велат старите, па јас се надевам дека еден ден паметно ќе го искористам моето, заклучи Васе. Тој, за жал, не сакаше целосно да му го откриеме идентитетот затоа што се плашеше некој да не им направи проблем на своите родители, кои се уште работат како учители во едно помало гратче во Македонија.
Бонус галерија
Двајца пријатели од Германија решија да го истражат нашиот волшебен свет, еве го нивниот резултат
Двајца пријатели од Германија, Јано и Оливер, еден ден спонтано дојдоа до идеја да ги посетат најубавите и најволшебните места на светот и да направат фотографии што на сите ќе им го одземат здивот.
И тие се мошне успешни во тоа, а нивната колекција на Инстаграм која се вика „World Walkerz“ веќе има преку 100 илјади фанови кои уживаат во нивните ремек-дела.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Градот Ронда во Андалузија, Шпанија
Напуштен воден парк во Виетнам
Виадукт во Филизур, Швајцарија
Храм во Камбоџа
Замокот Иф во Марсеј, Франција
Оризови тераси во Виетнам
Замокот на езерото Гарда, Италија
Лувр, Париз
Амфитеатарот во Арлес, Франција
Хотелот „Grand Lisbon“ во Макао, Кина
Национален шумски парк во Кина
Изгрејсонце во Баган, Бурма
Тиан Тан Буда во Хонг Конг
Венеција, Италија
Барселона, Шпанија
Островот Вајаг, Индонезија
Хотел во Амстердам
Хотел во Давос, Швајцарија
Зајдисонце во Барселона, Шпанија
Гибралтар, Обединетото Кралство
Миланската катедрала
Сите фотографии погледнете ги тука >>
Извор: Гламур, Боред панда
Фото: World Walkerz