Реклама
Наши ѕвезди

Исплива фотографија од свадбата на Наум Петрески и Зуица Лазова – НЕВЕСТАТА блеска, а славејот не сте го виделе во вакво издание!

Реклама

Наум Петрески во периодов одржа неколку концерти за паметење, а неговата сопруга му беше специјална гостинка.

Фото: Приватна архива

Македонскиот славеј кој слави 35 години кариера ја воодушеви својата публика која на глас ги пееше неговите најубави песни.

Покрај Благица Павловска и Ѓоко Таневски, на сцената со него се појави и Зуица Лазова која никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Познатата фолк-пејачка беше облечена во долг црн фустан со големи црвени ружи, а многумина коментираа дека неговата сопруга никогаш не изгледала подобро и дека едноставно блеска секогаш кога е покрај Наум.

Фото: Приватна архива

Тоа можеме да го видиме и од една фотографија која неодамна исплива на социјалните мрежи, а е од нивната свадба.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Зуица тогаш беше бремена со нивното прво дете, и на фотографијата и двајцата изгледаат многу помладо.

Фото: Приватна архива

Покрај оваа легендарна фотографија што Зуица ја објави за роденденот на својот сакан, на социјалните мрежи неодамна исплива уште една интересна и поприлично стара фотографија од младоста на македонскиот славеј.

Фото: Приватна архива

Многумина беа воодушевени од ова негово издание, така што следуваа голем број позитивни коментари.

Зуица на млади години

Инаку, Наум ова лето имаше посебна причина за радување, а причина за тоа беше што неговата ќерка се породи.

Фото: Приватна архива

Имено, неговата ќерка од првиот брак, Анастасија, која исто така е пејачка, пред скоро два месеци роди машко дете.

Фото: Приватна архива

Анастасија е најстарата ќерка на Наум и ова е нејзино второ дете – Лука има три годишна сестричка Андреа.

Фото: Приватна архива

Покрај Анастасија, Наум ја има и ќерката Сања од првиот брак, додека со Зуица ги има Македонка и синот Стефан.

Македонка Петреска

Македонка исто така тргна по стапките на нејзините родители и студира на факултетот за музичка уметност.

Анастасија и Владимир

Што се однесува пак до најстарата ќерка, Анастасија, таа е во брак со пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски.

И таа е позната фолк пејачка, но откако се оствари во улога на мајка реши да ја стави музичката кариера на пауза и им се посвети на своите деца и семејството.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Принтскрин

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Принтскрин

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button