Исплива тажна вест за убавата турска актерка што ја обожава цела МАКЕДОНИЈА – фановите загрижени и скршени од болка!
Познатата турска актерка Ханде Ерчел која се прослави со улогите во популарните серии „Црн бисер“ и „Чукни и на мојата врата“ и во Македонија, денес важи за една од најубавите и најпознатите турски актерки.
Но во екот на својата најголема популарност таа доби тажни вести кои веќе подолго време ги крие од јавноста.
Имено, според зборовите на водителот на популарната емисија „Soylemezsem Olmaz“, нејзина внука со која актерката е многу поврзана, пред неколку недели била примена во болница. И по детални прегледи востановено е дека има тешка дијагноза – карцином. Тоа навистина беше тежок удар за целото семејство, а посебно што бабата на Мави, односно мајката на Ханде, која починала од карцином.
Мајката на малата Мави ги потврди овие тажни вести, и откри дека лечењето на нејзината ќерка веќе започнало.
Семејството не сака овие информации да испливаат во јавноста, но во прашање е нешто што тешко може да се сокрие.
Откако веста се прошири низ турските медиуми многу фанови и праќаат пораки со поддршка на актерката и семејството и се надеваат дека малата Мави ќе излезе како победник од оваа битка и ќе го победи ракот.
Инаку, познатата актерка следниот месец полни 29 години, а со актерство се занимава од нејзината 20 годишна возраст.
Има завршено ликовна академија, а на Инстаграм има речиси 30 милиони следбеници и важи за една од најпознатите Турчинки на оваа социјална мрежа.
„Се обидувам да бидам привлечна и наивна во исто време бидејќи мислам дека тоа е рецептот за совршена жена. Секако, тоа мора да се дозира на совршен начин и да се употреби во вистинскиот момент. Привлечна сум кога сакам да освојам некој маж што ми се допаѓа. Тоа секако дека не значи дека морате да се paзгoлите“.
„Постојат многу начини со кои можете да бидете ceкcaпилни. Па и интелигенцијата е ceкси, нели“, изјави своевремено оваа позната убавица за турските медиуми.
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел