Исплива стара фотографија од минатото на Анета – ќе се изненадите како изгледала со руса коса (фото)
Беше и остана една од нашите најубави и најпосакувани фолк-пејачки
Многумина не би ја препознале
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска веќе со години ја гради својата успешна музичка кариера.
Таа важи за една од нашите најдобри и најпознати пејачки на народна музика и публиката радо ги посетува нејзините настапи.
На почетокот од кариерата таа имаше многу поразличен стил кој досега се има поприлично променето, а едно време беше дури и русокоса, но во вакво издание денес ретко кој се сеќава на неа.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кафанско вече
Имено, и најверните нејзини фанови не би ја препознале на некои нејзини стари фотографии ако не би знаеле дека станува збор за неа.
Една таква фотографија и самата Анета има објавено на Инстаграм, а на неа Анета е русокоса и изгледа многу поразлично.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И како што и под секоја друга фотографија познатата пејачка секогаш добива бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, така беше и со ова нејзино издание за кое многумина забележаа дека изгледа одлично и дека оваа боја убаво и стои.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Бекстејџ
Потсетуваме, Анета во изминативе неколку недели беше во центарот на вниманието заради нејзиниот развод.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но покрај разводот, познатата пејачка ги изненади сите и со новата промена на својот имиџ, како и со фризурата што сега ја носи.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено таа малку ја потскрати косата и на овој начин уште повеќе го истакна своето убаво лице, па си доби и бројни комплименти.
Како Анета изгледала со руса коса, потсетете се во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Погледнете уште неколку нејзини изданија од минатото…