Испливаа фотографии од Тоше Проески што расплакаа многумина – беше и остана наш ангел (фото)
Еве како изгледал Тоше како дете...
Тоше Проески е роден во Прилеп, на 25 јануари 1981 година, а почина на 16 октомври 2007 година, на 26 годишна возраст.
Тој иако беше млад кога замина во царството небесно, беше еден од најпознатите пејачи на просторите на поранешна Југославија, но и во многу други земји од југоисточна Европа.
Од овие причини „Би-би-си“ своевремено го има наречено „Балканскиот Елвис Присли“, а интересот за него е голем и денес, току години по страшната сообраќајка во која што загина.
Впрочем за тоа зборуваат и објавите на неколку страници на социјалните мрежи каде што се негува неговиот лик и дело.
Принтскрин/ Јутјуб
Па така на една од нив неодамна се појавија фотографии од младоста на Тоше од кои можеме да видиме како изгледал како момче.
Под фотографијата се уште се нижат коментари од неговите фанови, а многумина коментираат дека отсекогаш изгледал како ангел
Во прашање се фотографии што беа објавени на Фејсбук за неговиот роденден, под кои стои преемотивна порака.
Покрај овие фотографии на истата страница на Фејсбук деновиве е објавена и една фотографија по повод неговиот именден.
„Твоето име вечно ќе остане врежано во нашите срца. За светот беше само една личност, за нас беше и остана целиот свет“, пишува во објавата под која обожавателите на Тоше се уште оставаат коментари со кои му го честитаат името и го нарекуваат ангел во царското небесно.
„Ангел што живее и кој вечно ќе живее во нашите срца“, „Еден и единствен Тоше, во царството небесно, ангелу наш“, се само некои од овие коментари што можат да се прочитаат под фотографиите на Фејсбук.