Испливаа фотографии на кои Каролина е без градник – пејачката никогаш не изгледала позанесно (фото)
Еве зошто за ова издание на Каролина се уште се зборува
Каролина Гочева публиката ја сака како заради нејзините бројни хитови, така и заради нејзиниот префинет стил и изглед.
Македонската поп-дива Каролина Гочева не престанува да не изненадува со своите интересни модни приказни.
И откако неодамна на еден од своите настапи ги воодушеви љубителките на модата кога се појави во сребрено металик фустанче (металик нијансите повторно се враќаат на голема врата оваа есен), преку кое носеше црно сако, пејачката сега повторно ги остави без зборови сите со својот феноменален моден стил.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Но овој пат во прашање е едно нејзино старо издание кое случајно исплива, а со кое Каролина никого не остави рамнодушен.
Имено, познатата стилистка Цаци Паковска објави колаж од фотографии на кои пејачката изгледа мошне провокативно.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Во прашање е издание на Каролина од пред едно десетина години, а за кое слободно може да кажеме дека и сега би поминало одлично.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Пејачката тогаш носеше бело сако, под кое не носеше градник, па овој детаљ и тогаш и сега не помина незабележан0.
Ова секако дека не е прв и последен пат Каролина да привлече внимание и на еден ваков начин, а уште неколку нејзини изданија со кои секоја дама би заблескала, погледнете во продолжение…