Испливаа слики од сестрите во костими за капење – Цеца ужива во РАСКОШНАТА вила на Кипар, Лидија и прави друштво
Богдан не можеше да дојде
Вики Миљковиќ по финалето во „Ѕвездите на Гранд“ замина на Кипар, на гости во вилата на Цеца Ражнатовиќ.
Таа е многу блиска и речиси неразделна како со неа, така и со нејзината сестра Лидија Оцокољиќ која исто така е таму.
Пејачката и нејзината сестра времето го минуваат во нејзината раскошна вила, а со нив е и малиот Жељко.
Од пред неколку дена со нив се и Вики Миљковиќ со семејството, која на Инстаграм објави интересни снимки.
На една од нив се гледаат кумовите како пливаат во базенот, додека Цеца и Лидија уживаат во костими за капење.
Таа ги снимаше двете сестри како уживаат во костими за капење покрај базенот, додека Вики покрај тоа пто ги снимаше и си играше со малиот Жељко.
Инаку, Светлана Цеца Ражнатовиќ и е кума на Вики, и веќе долго време важат за нераздвојни пријателки.
Идиличниот имот на Цеца се наоѓа далеку од градската бучава. Во прашање е мирното местото Аја Напи во Кипар, покрај самото крајбрежје на Средоземното море, кое брои нешто повеќе од две и пол жители.
Цеца во својата вила на Кипар дојде без Богдан, кој заради своите работни обврски мораше да остане во Белград.
Таа од таму пред неколку дена за медиумите откри дека набрзо на гости и доаѓа нејзиниот внук Жељко заедно со синот и снаата, а потоа објави и видео на кое можевме да видиме како се бањаат сите заедно во базенот.
„Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самото крајбрежје. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и јас знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит, Да куќата ја купив на кредит, кој, нормално, месечно го плаќам“, изјави Цеца своевремено во „Амиџи шоу“.
Како изгледа нејзината вила погледнете во продолжение…