Загубата на телесната тежина по раѓањето не е лесна за никого – дури и за Брајан Кристин. Таа е мајка на четири деца, а петтото е на пат!.
Оваа жена е личен тренер чии физички предизвици им помогнале на други мајки да ги трансформираат нивните тела. Но, Кристин, која изгуби повеќе од 45 килограми по раѓањето на трето дете во 2011 година, сега сака да ги просветли десетици илјади жени кои ја следат на социјалните мрежи: Мајките се многу повеќе од бројот на вагата!
Таа неодамна објави искрен пост на Фејсбук. Ги сподели и фотографиите како изгледала во изминатите седум години.
„Мојата цел е чиста, многу љубов и почитување на моето тело во 2019 година … исто како што тоа го правев сите денови од мојот живот од основањето на оваа заедница ‘Bikini Body Mommy’!” Нејзините обожаватели го ценат слоганот на Кристин дека “вредноста не е дефинирана со броевите на вагата или со големината на облеката што ја носите”.
Дури и ако останам со иста тежина, ќе бидам подобра, или со 90 или 70 килограми? Исто е. Бременоста е 18-месечно искуство: 9 месеци од бременоста и 9 месеци по раѓањето. Целата причина за јавно споделување на мојата приказна во текот на изминатите седум години беше тоа што ми даде можност да имам позитивно влијание врз животите на другите жени”, рече Кристин.
Мајките често имаат потреба од речиси една година па дури и многу повеќе за да се решат од вишокот килограми акумулирани за време на бременоста и ова е сосема нормално. „Треба да размислувате за бременоста како за 18-месечно искуство: девет месеци од бременоста, девет месеци по раѓањето”, вели и Ејлин Бехан, од Портсмут специјализирана асоцијација за контрола на телесната тежина.
„Ова е време кога се случуваат многу работи – се прилагодувате на вашиот нов живот, телото се обидува да се опорави по бременоста и породувањето, а можеби и доите “, додава Бехан.
„Многу жени треба да се приспособат, па не треба да сте загрижени и да се нервирате ако сето тоа не се случува со брзина што ја замисливте “.