Реклама
MAMAДом и семејство

Искрена исповед која го сруши интернетот: Куќата ми е секогаш валкана, пцујам, викам и сум одлична мајка!

Реклама

Оваа мама на на три деца, на својот фејсбук-профил напишала толку искрено писмо за осудувањето на родителите, што нејзината објава е споделена повеќе од 500 илјади пати, а добила речиси 900 илјади лајкови.

Еве што напиша Карен Џонсон:

„Пријателки, имам нешто да ви кажам што ми лежи на душа. Мојата куќа никогаш не е чиста. Имам пријателки (кои имаат деца) чија куќа е совршена. Дали се тие подобри мајки од мене? Не. Дали сум јас подобра од нив? Не.

Маркетинг

Јас викам. Имам добра пријателка што е многу тивка и трпелива. И се восхитувам. Но, двете сме одлични мајки. Познавам мајки кои на децата им даваат само супер органска храна, без хемикалии и бои. Моите деца некогаш јадат сладолед за појадок. И тоа евтин. Дали е некоја од нас подобра? Не.

Понекогаш пцујам, но не пред децата. Дали сум лоша мајка поради тоа? Не. Вклучена сум во школскиот живот на моите деца, но не им стојам над глава 24 часа дневно, ниту пак одам секој ден во нивното училиште. Дали мајките што го прават тоа се подобри или мајките што не го прават тоа се лоши? Не.

Маркетинг

Дали сум им неверојатно благодарна на мајките што секој ден во училиштето им помагаат на наставниците? Да. Дали мајките што не се вработени се подобри од мајките што се? Не.

Јас сум христијанка. Мојата пријателка е муслиманка. Другата пријателка е атеист. Сите сме одлични мајки.  Јас дојам. Моите деца никогаш не пиеле вештачко млеко. Дали сум подобра мајка од оние што ги хранат децата со вештачко млеко? Не.

И што сега? Можеме ли за момент да се симнеме од планината на осудување? И едноставно меѓусебно да се поддржиме? Или можеме само да кажеме: „Еј, мајчинството е тешко. Добро ти оди!“

https://www.facebook.com/21stcenturysahm/photos/a.872015352871820/1606319682774713/?type=3

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button