Ирена ги откри нозете, па напиша порака со која потсети на ПОРАНЕШНИОТ партнер кој ја остави сопругата заради неа

Необичен избор, но изгледа одлично

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Нашата позната пејачка на социјалните мрежи објави фотографија со која што ги изненади своите бројни фанови.

Во прашање е преубав фустан со копчиња и длабок шлиц со кој Ирена Спасовска ги истакна нозете во преден план.

Заради ситуацијата со коронавирусот нашите познати личности немаме прилика да ги гледаме на јавни собири и прослави во последната година дена. Но затоа тие знаат како да заблескаат на своите профили на социјалните мрежи, посебно кога ќе се појават во едно вакво модно издание.

Во прашање е фустан во темна нијанса и со долги, ѕвонести ракави кој совршено и стоеше на пзнатата фолк пејачка. Фустанот е долг, со длабок шлиц, а Ирена го носеше со залижана фризура и црни салонки.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Шлицот е зачинет со копчиња се наоѓа на предната страна на фустанот со што Ирена ги истакна своите нозе, па не изостанаа и „бурните“ реакции на нејзините фанови.

„Нашиот живот зависи 10 % од тоа што ни се случува, и 90 % од начинот како реагираме на тие случувања“, напиша Ирена во коментарите.

Под фотографијата на нејзиниот профил на Инстаграм се редеа комплименти на сметка на нејзиниот изглед, но имаше и такви кои не го делеа истото мислење.

Еве што напише еден корисник на социјалните мрежи кој дури го спомена и нејзиниот поранешен партнер Орце.

Фото: Принтскрин

„Точно. Орце истото го кажуваше“, и напиша тој алудирајќи на поранешниот партнер на Ирена заради кој многумина се уште ја критикуваат на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Имено, познатата фолк пејачката долги години беше во врска со водителот и уредникот на МТВ Орце Гелевски. Тие важеа за еден од најстабилните парови на нашата сцена, но откако ненадејно се разделија многумина ја критикуваа пејачката, посебно откако Гелевски се огласи во медиумите. Имено тој тогаш изјави дека заради врската со Ирена се жртвувал и оставил зад себе сопруга и две деца, но од нејзина страна не му било возвратено со иста мера.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

„Имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција“, изјави тој.

Набргу по ова, се огласи и пејачката, која тогаш во интервју за дневниот весник „Вечер“ изјави дека е среќна жена.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

„Мој живот, мои правила. Не се работи за друг маж, едноставно така одлучив во тој момент. Сама сум и среќна, тоа ми е најбитно“, изјави тогаш Ирена и додаде дека со Орце денес е во добра комуникација.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска

Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
(Visited 4.833 times, 1 visits today)