Реклама
Интервју

Името на син ми му го дадов по свекрва ми Жанета – Каква мајка е водителката на „Качамак“?

Ова нека биде еден мотив на младите мајки да се слушаат себе си многу повеќе од “идеалните” мајки на социјалните мрежи. Бидејќи никој од нас не го покажува хаосот, бесооните ноќи, грчевите, постпородилните моменти на Инстаграм, вели Крстевски

Реклама

Неодамна се сретнавме со актерката и водителка  на емисијата „Качамак“ Владанка Крстевски каде таа ни откри повеќе за својот приватен живот , за тоа како се запознала со сопругот, како се одлучила да биде актерка, како ја однел парот во водителските води сосема случајно…

За оние кои го пропуштивте интервјуто еве едно потсетување.

Да се биде актер за мене е нешто едноставно, обично и дел од секојдневието -искрено со Владанка Крстевски

Маркетинг

 

Маркетинг

Во оваа прилика се одлучивме да поразговараме со Владанка и за нејзината најважна улога во животот мајка.

Во рубриката -РОДИТЕЛИ НА 21 ВЕК ви носиме уште една епизода, уживајте!

 

 

Вие сте мајка на едно мало слатко момче. Раскажете ни каков е Жан?

Жан е срце! Умнно и паметно момче. Не би да се жалам, послушен и темпераментен. Има моменти кога се гледам себе во него. Би сакала тој негов жар за убавината кога ќе види нешто ново никогаш да не му згасне. И да остане секогаш насмеан – некако тоа е мојата најголема желба и мој најголем порив.

Зошто се одлучивте за името Жан?

Името му го дадов по мојата свекрва Жанета. Тоа беше моја желба. Јас сум крстена по баба ми – и кога станува збор за тој дел тука не сакав да правам компромис. Сите се израдуваа зошто никој не очекуваше. Јас сум човек за кого семејството е столб на иднината.

Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

Апсолутно е предизвик. Секој ден е нешто ново – нешто различно. Верувам дека слични предизвици имало и во минатото, но со денешната дигитализација нашето родителство станува и фалбаџиско и компетативно – па затоа настојувам да не следам трендови.

На почеток бев опседната со инфлуенсерски моменти, пред да се породам – се фаќав себе си како земам слики и сакам така да изгледа безбојно собата на моето бебе -вели Владанка.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат родителите денес?

Буквално се се смени во моментот штом станав мајка, едноставно решив да ставам крај на притисоците што ги носи Инстаграмот како медиум. И се си правев сама – па еве ова нека биде еден мотив на младите мајки да се слушаат себе си многу повеќе од “идеалните” мајки на социјалните мрежи. Бидејќи никој од нас не го покажува хаосот, бесооните ноќи, грчевите, постпородилните моменти на инстаграм.

Колку ви се распределени обврските околу детето со вашиот сопруг?

Со Филип се работиме заедно. Дури некогаш тој се грижи и многу повеќе. Кога имам снимање или пак не можам да постигнам нешто, секогаш е тука. Мислам дека буквално Жан расне заедно со двајцата. Нема поделби, детето е на двајцата. Заедно готвиме, пегламе, купуваме.

Секој кога може како може. Од секогаш тоа ми се допаѓало кај мојот сопруг – што е маж во вистинска смисла на зборот и знае да ми подаде рака кога ми е најтешко.

Споделете со нас некоја интересна ситуација што ја направил Жан што ве изнасмеала до солзи.

Има многу 😊 Сега почнува да збори па често не коментира наутро мене и сопругот за тоа како ние спиеме а тој е веќе буден. Знае да каже “мама спика – тато спика – Жан стана” нас тоа многу не смее бидејќи станува во 6 часот секое утро , и некако така започнува денот 😊

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button