Има два пропаднати бракови зад себе и’ син кој не и дозволува да го СПОМЕНУВА – животната приказна на Калиопи Букле
Неколку детали од животот на нашата позната пејачка
Нашата позната пејачка Калиопи Букле десет годни беше во брак со Ромео Грил. Тие во периодот на најголема популарност на бендот се повлекоа од сцената и од тогашна Југославија решија да се преселат во Швајцарија, каде цели десет години живееја потполно анонимен живот.
Калиопи додека живееше во оваа земја мораше да учи германски јазик и да се занимава со најразлични работи за да заработува за живот. Таа пет години предаваше во музичко средно училиште, а како што самата откри во едно интервју, токму учениците ја убедиле да и се врати на музичката кариера, што пејачката и ќе го направи по некое време.
Калиопи и Ромео ќе се разделат при крај на деведесеттите години на минатиот век, а како што самата откри во едно свое интервју, суштина на нејзиниот живот е синот Пако кој остана да живее во Швајцарија.
Откако ќе се врати во Македонија, пејачката ќе заплови во романса, а потоа и во брак со тринаесет години помладиот актер и режисер Васил Зафирчев, но за жал и оваа врска нема долго време да трае.
Имено, Калиопи и Васил во брак беа седум години, но и покрај тоа што важеа за еден од најсоодветните парови на македонската јавна сцена, кога почувствуваа дека љубовта почна полека да исчезнува, и двајцата ќе заклучат дека најдобро е да се разделат. Тие тоа и го направија, без преголема помпа во медиумите, а како што самата пејачка во една прилика откри, таа и денес е во одличен однос како со него, така и со нејзиниот поранешен сопруг.
Впрочем таа со својот прв маж, Ромео, и денес соработува, а како што самата изјави во една пригода, нејзините поранешни сопружници денес и се најдобри пријатели.
„Се разделивме без да се караме и грди зборови. Васил мирно ја поднесе мојата одлука и се исели од нашиот заеднички стан во Скопје. Вербата во љубовта не ја изгубив, тоа никогаш нема да се промени. Разводот не е некое страшно искуство. Морам да им бидам пример на жените дека може се да се премости и преживее, па дури и развод“, изјави за „Хелоу“ Калиопи на која не и се оствари желбата да добие потомство со поранешниот сопруг.
Инаку, Калиопи покрај тоа што е една од нашите најпознати пејачки, таа и денес важи за исклучително негувана и младолика дама за која годините се само бројка. Таа покрај својот раскошен талент и фантастичната енергија која што ја поседува плени и со својата природна убавина, и покрај тоа што често и се случувало да има проблеми со вишок килограми, за што секогаш отворено зборувала.
Но токму затоа таа и ги изненади сите кога објави неколку фотографии и покажа дека успеала да ослабне 10 килограми. Пејачката не сакаше да ја открие тајната како успеала за само два месеци да изгуби толку килограми, но затоа тогаш никого не остави рамнодушен со фотографиите на кои изгледа минимум дваесетина години помладо.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи