ИМААТ 200 ГОДИНИ ЗАЕДНО: Ова е најстариот ПАР на светот, погледнете како изгледаше нивната СВАДБА!
Запознајте ги стогодишната Марџори Фитерман (102) и Берни Литман (100) кои се венчаа пред неколку недели, откако се сретнаа во нивниот дом за стари лица пред речиси десет години. Двојката која има 202 години заедно го собори Гинисовиот рекорд.
Младенците од Филаделфија докажаа дека никогаш не е доцна за брак, а нивните семејства се многу среќни за нив. Внуката на Берни, Сара, изјавила дека е одлично што нејзиниот дедо нашол жена со која нашол заеднички јазик во доцните години, пренесува Метро.
Берни претходно бил во брак, но неговата поранешна сопруга починала во 2012 година. Неколку години подоцна ја запознал Марџори на една забава и имале состанок на истиот ден кога се родила неговата правнука. Неговото семејство изјавило дека неговите планови да се ожени со Марџори биле „изненадување“ бидејќи претпоставувале дека ќе продолжат само да се дружат.
И Марџори претходно била во брак,но знаеше дека некогаш повторно „некој неверојатно посебен ќе дојде во нејзиниот живот“ кога го запознала Берни.
Ќерката на Берни, Сара, изјави дека двојката се пријавила за Гинисовата книга на рекорди и го заземале првото место како најсатриот љубовен пар во светот.
Фотографиите се преземени од Фејсбук