Илина од Америка испрати силна порака до Македонците
Познатата алпинистка од Македонија испрати силна порака до своите сограѓани.
Илина се огласи од Америка.
Планинарката и уметница, Илина Арсова се труди преку медиумите секогаш да пренесе позитивна енергија и е исклучително инспиративна.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Таа е пример за здрава и амбициозна жена, која има постигнато многу успеси како планинарка, но и како уметница.
Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Родена е во Скопје, каде и живееше до пред неколку години.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Илина е некој кој не престанува никогаш да работи на себе, па токму и заради тоа си замина од земјава.
Таа се пресели во во Тенеси каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, а доби и стипендија за докторски студии.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
На својот Инстаграм профил честопати споделува фотографии од себеси, но овој пат оваа платформа ја искористи да испрати силна и важна порака.
Таа и порача на своите сограѓани насмевката да ја вметнат во своите секојдневни навики.