Илина како Путин, влегува во мраз студена вода – поранешната на Џамбазов ги изненади сите
Таа навистина е една посебна, силна жена...
Покажа дека е здрава како дрен
Илина Арсова, поранешната девојка на Игор Џамбазов и една од нашите најпознати алпинистки, неодамна објави едно видео со кое воодушеви многумина на социјалните мрежи.
Имено Илина откри дека е голем верник и за празникот Богојавление покажа како Водици се слави во дијаспората.
Инстаграм/ Илина Арсова
Таа тоа го направи во шега секако, но сепак влегувајќи во студената вода кога температурите се во минус, па напиша:
„Водици кај дијаспората ;) Не е како Охрид ама битно го одбележавме денот“ пишува под видеото што го објави. .
Инстаграм/ Илина Арсова
Илина за оваа пригода беше облечена во црвен костим за капење, а како изгледаше кога се бањаше во студената вода, додека се наоколу е покриено со снег, погледнете на крајот од текстот.
Потсетуваме, Илина по разделбата со Игор Џамбазов замина за Америка каде што се запиша на докторски студии.
Инстаграм/ Илина Арсова
Таа полека се навикна на животот во Тенеси, а преку социјалните мрежи речиси секојдневно комуницира со фановите.
Инстаграм/ Илина Арсова
Илина таму покрај тоа што работи како професор, ја заврши и првата година на докторски студии со одличен успех, имаше неколку изложби и речиси секојдневно качува и се подготвува за нови експедиции и предизвици во животот. Интересно е и тоа што при крајот на минатата година, во Македонија имаше промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина, со илустрации од Иванка НиБа, а во која е покажано како некогашниот детски сон на оваа освојувачка на највисоките светски врвови може да стане стварност и со тоа ова нејзина страст да се поистовети со страста на било кое дете.
Инстаграм/ Илина Арсова
Па, големо БРАВО за оваа извонредна дама…