Излупи и измиксај: Рецепти за смутија кои ќе ви помогнат да ослабете

Сите видови на смути даваат енергија, го забрзуваат метаболизмот и ја регулираат пробавата. Можете да замените еден оброк со едно смути, најдобро појадокот.

Доколку не сте подготвени на чекорите за целосно прочистување на телото, може барем да се обидете да не ви бидат сите оброци во денот исти.

Смути од зеленчук и овошје

ADVERTISEMENT

2 филџани млад спанаќ, 2 чаши ладна вода, 1 банана исечкана на ситни парчиња, 1 портокал излупен и иситнет на кришки, 1 јаболко излупено и исеќкано на парчиња, 1 лимон илупен и издвоен на кришки, парче 2см свеж ѓумбир.

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете две порции, за два последователни дена.

Овошно смути

ADVERTISEMENT

1 банана, 1 портокал (излупен и иситнет), 1 филџан зрнесто овошје, 30 свежи ливчиња нане, 1 лажица цимет, 2 чаши вода.

Сите состојки се блендираат, миксајте две три минути додека не добиете компактна смеса. Од ова смути ќе добиете четири чаши пијалак кој помага во слабеењето.

Зелено смути

Половина шолја ананас исечкан на коцки, половина авокадо испасирано, 1 филџан спанаќ, малку млеко од соја, 1 лажица ленено семе, 1 банана. Сите состојки се ставаат во блендер и се миксаат. По потреба додадете малку вода.

Црвено смути

1 шолја кефир,1 шолја смрзнати малини, ¼ шолја овесни снегулки,1 ред незасладено темно чоколадо, 1 лажица мед.

Златно смути

1 јаболко, ¾ шолја јогурт, ¼ лажичка цимет, ¼ лажичка морско оревче, ½ лажичка мед, ¾ шолја бадемово млеко

Зелено смути

1 шолја бадемово/оризово или млеко од соја, 2 ливчиња кељ, ½ зелено јаболко, Мало парче краставица, ½ авокадо, 1 кива.Уште едно зелено смути 1 ½ шолја вода, 1 голем лист блитва, 1 зелено јаболко, 3 стапчиња целер,Сок од 1 цитрон,1 банана

Жолто смути

1 шолја мраз,1 шолја бадемово или млеко по избор, ½ шолја овесни снегулки,1 банана, 1 лажица путер од кикирики, ½ лажичка цимет.

Facebook Comments
(Visited 439 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT