Излезе на сцена и ГО РАСПЛАКА ЖИРИТО: Популарниот пејач и на 97 години пее и танцува
Дик Ван Дајк беше елиминиран откако настапи облечен како Гном во средата за време на премиерата на деветтата сезона на шоуто Маскиран пејач на телевизија Фокс.
97-годишниот легендарен забавувач ја изведе песната When You’re Smiling од Френк Синатра и предизвика сози кај пејачката Никол Шерцингер (44) откако го откри својот идентитет.
„Ова е најзачинетото и најубавото нешто што сме го имале во нашето шоу, дами и господа“, рече водителот на шоуто Ник Кенон (42), кога Дик го откри својот идентитет.
Никол со солзи во очите го праша Дик како е да се биде гном.
„Внатре во маската е навистина темно… Не можев да видам ништо“, рече Дик.
„Те сакам многу, те сакаме, цел свет те сака толку многу. Чест е што те имаме во нашето шоу“, рече Никол додека гласот ѝ вибрираше од емоции.
„Не можам да верувам дека сте тука, се обидувам да изгедам смирено. Изгледате толку прекрасно, толку згодно“, кажа Никол.
„Толку сум воодушевен“, рече Џени Мекарти (50).
„Имам 97 години“, рече Дик.
„Го сакаме Дик Ван Дајк“, рече Никол.
„Ти си нашето детство“, додаде таа.
„Нашето најголемо откритие досега“, рече Кен.
Дик потоа настапи за последен пат и ја почести публиката со изведба на
Supercalifragilisticexpialidocious од филмот Мери Попинс од 1964 година, на која малку и танцуваше.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин