Изгледа поубаво од било кога: Луна Џогани блеска во бременоста- го покажа трудничкото стомаче и ги разнежни фановите…
Уживаат во семејниот одмор...
Луна Џогани и Марко Миљковиќ пред неколку дена ги спакуваа куферите и со ќерката Миа отпатуваа во Грција.
Тие објавија дел од атмосферата од патувањето и ги воодушевија сите. Имено, тие заедно со ќерката Миа уживаа во базенот. Луна која е бремена со второ дете, го соблече костимот за капење и го покажа трудничкиот стомак, а парот не ја криеше среќата.
Она што особено привлече внимание на фотографијата е тетоважата на Луна под градите, која има симбол на вечноста со иницијалите „М М“, што многумина го протолкуваа како иницијали на нејзиниот сопруг Марко и ќерката Миа.
За потсетување, Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ја очекуваат втората ќерка која ќе се роди за неколку месеци, а неодамна открија дека ќе ја крстат Лана.
Во едно од последните видеа на нивниот канал на Јутјуб, парот конечно откри какво име решиле да му дадат на бебето кое со нетрпение го чекаат.
– Миа, како ќе се вика сестра ти? Како ќе се вика бебето кое сега е во стомакот на мама? – ја прашале Марко и Луна нивната наследничка на што таа одговорила: „Лана“.
– Лана, така ќе се вика нашата втора ќерка. Бог да ни дава здравје, само да е жива и здрава – додаде Марко.
Лана, инаку, е име со словенско потекло, а се смета дека е поврзано со името на растението „лен“ или реката Лана.