Изгледаат како близначки: Сестрата на македонската Гранд ѕвезда е ВИСТИНСКА УБАВИЦА – погледнете ја и нивната мајка!
Младата македонска пејачка ја покажа својата сестра и ги воодушеви фановите.
Мими Јовановска е младата дама со која цела Македонија се гордееше додека настапуваше на најпопуларното музичко шоу на Балканот, Ѕвездите на Гранд.
Уште со својот прв настап Мими ја освои публиката и го воодушеви целото жири.
Нејзин ментор беше пејачот Џенан Лончаревиќ, кој постојано изнавуваше дека таа поседува сѐ што е потребно за да изгради добра музичка кариера.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека во „Ѕвездите на Гранд“ ја пријавила нејзината мајка. Младата пејачка истакна дека нејзиното семејство е нејзина најголема поддршка во кариерата.
По завршувањето на шоуто, Мими се посвети на работата и како шго може да се забележи и од објавите на социјалните мрежи, таа е доста ангажирана и работи со полна пареа.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека Мими на Ѕвездите на Гранд ја пријавила нејзината мајкс, од која и го кма наследено талентот за музика.
Таа во многу нејзини изјави за медиумите има кажано дека токму семејството ѝ е најголема поддршка во сѐ што прави.
Талентот за музика го наследила од нејзината мајка, која исто така има талент за пеење.
Пејачката понекогаш споделува и фотографии од своето семејство, преку кои може да се забележи дека неверојатно многу потсетува на својата мајка.
И самата вели дека често добиваат комплименти дека изгледаат како сестри.
Мајка ѝ и брат ѝ сите ги знаеме, но сега пејачката ја покажа и својата сестра, која досега ја немавме видено.
Марија е вистинска убавица и неверојатно многу наликуваат една на друга.
Девојките добија само пофални зборови под фотографиите објавени на Инстаграм.
Освен најблиското семејство, голема поддршка на пејачката во кариерата ѝ е нејзиното момче Филип.
„Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира“, изјави таа за медиумите.
Периодов таа сподели прекрасна вест со своите фанови.
На својот Инстаграм профил објави фотографии преку кои покажа дека му кажала „да” на своето момче.
Филип се погрижил за романтичното запросување и го украсил местото, но повеќе детали за целиот чин сѐ уште не соопштија. Балони, свеќи и цвеќиња се гледаат во позадина на фотографиите, а насмевката на нивните лица кажува сѐ.
„Милион пати да”, напиша Мими во опис на фотографиите и го покажа вереничкиот прстен.
Во коментари веднаш почнаа да се нижат коментари со честитки посветени за парот.
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска
Фото: Инстаграм / Мими Јовановска