Еве зошто ја обожаваме идната кралица
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон речиси никогаш не греши кога е нејзиниот стил во прашање. Така беше и деновиве кога во Бакингемската палата на традиционалниот дипломатски прием во организација на кралицата Елизабета Втора војвотката од Кембриџ едноставно блескаше.
Имено, убавата Кејт за оваа пригода избра префинета тоалета со потписот на Александер Меквин. Во прашање е едноставен модел од кадифе во црна боја, зачинет со „V“ израз и кој благо се шири во пределот на колковите, а тука се и долгите ракави и кројот кој визуелно го издолжува телото, поради што војвотката изгледаше спектакуларно во него.
Сепак, најмногу внимание привлече со омилената тијара на принцезата Дијана направена во 1914 година на барање на кралицата Марија. За неа користени се дијаманти и бисери кои веќе долго време биле во сопственост на кралското семејсво, а самата тијара е своевидна копија на онаа што ја носела принцезата Аугуста од Хесе-Касел.
Кејт тијарата ја носеше со една од омилените огрлици на кралицата и ефектни обетки со скапоцени камења.
Па, дали ви се допадна како изгледаше Кејт за овој настан?