Игор Џамбазов со емотивна порака се прости од Емилија и им израси сочувство на семејството Диневи: „Ви се поклонувам до земја“
Игор Џамбазов сподели фотографија од Емилија со емотивна порака на својот профил на социјалните мрежи
Анго Ангов, градоначалникот на општина Дојран во изјава за порталот „Фокус“ зборуваше за својата сограѓанка Емилија, чие што семејство одлучи да ги донира нејзините органи, кои спасија други три човечки животи.
Игор Џамбазов сподели фотографија од Емилија од Дојран чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи со кои се спасени три човечки животи. Таа беше родена во Јосифово, а долги години живееше во Стар Дојран. По несреќата која заврши кобно, нејзиното семејство – сопругот, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години одлучија да ги донираат нејзините органи со што спасија три животи.
По извршената успешна трансплантација на срце, целиот град е горд на овој потег, а градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, за „Фокус“ изјави дека се размислува Емилија (43) да добие постхумно признание.
Во постојан контакт сум и со министерот за здравство Венко Филипче, ќе сториме се што можеме да му помогнеме на семејството Диневи во овие тешки моменти, но и да се запомни големината на сите овие луѓе- порача градоначалникот Ангов, пренесува ФОКУС.мк
Еве што напиша Игор под фотографијата:
„Денес, на гpoбиштaтa во Сретеново, Дојран ја испрати својата сограѓанка и пријателка, Емилија Динева, чие срце вчера спаси еден човечки живот, а нејзините бубрези ќе спасат уште два. Пoчивaj во апсолутен мир, пријателке Емилија. И да знаеш. Твоето семејство не потсети што значи да се биде хуман и во најтешките моменти. Твоите најблиски покажаа колку големо срце имаат. Срце големо колку просторот од твоето Јосифово, до нашиот единствен Дојран.
Диневи, Ви се поклонувам до земја…“
Министерот за здравство, Венко Филипче беше во посета на пациентот на кој завчера му беше трансплантирано срце. Оваа процедура е изведена за првпат во нашата земја, а по успешната трансплантација Д- р Маја Мојсова национален координтор на тимот изрази голема благодарност до семејството кое и покрај огромната загуба се согласило да спаси други човечки животи.
Во тек се и две трансплатации на бубрег од истиот донор. Пациентите кои добија нови органи се избрани од националната листа според медицински утврдени критериуми за совпаѓање кои ги изготви министерството.
„Сè беше така брзо, ни се јавија пред два дена и ни рекоа дека нашле донатор на срце за мојот татко, и дека за прв пат ќе прават ваква трансплантација, накратко рече синот на првиот пациент на трансплантација на срце од починат донатор, Васил Огњеновски, а пренесе порталот „Слобдна Европа“.
Тој изрази сочувство и огромна благодарност до семејството на починатата чие што срце е трансплантирано во неговиот 54 годишен татко Иван Огњеновски.
„Сакам да се запознаеме со нејзиното семејство, семејството на донаторката, да им стивне нивната болка и да заздрави татко ми за да може и тој да се запознае со нив. Нашите фамилии ќе останат сплотени засекогаш. Срцето не поврзува, иако не сме во крвно сродство, срцето е единството меѓу нашите фамилии“, изјави Васил Огњановски.
За докторот Сашко Јовев под чие водство деновиве беше изведена трансплатацијата, овој чин е круна во кардиохирургија и медицината.
„Претставува и заокружување на еден процес кој што го започнавме со лекувањето на терминална срцева слабост, патологија која што е се почеста, која што во светот зазема епидемиски размери, истата, практично нејзиното лекување го започнавме со популарно кажано вештачки срца, но сепак трансплантацијата на срце е можеби одговор кој најверојатно ретко ќе го добиваме е сепак најдобар“ изјави хирургот Јовев, а пренесе „Слободна Европа“.
На списокот за трансплантација на срце чекаат дваесетина луѓе од кои 13 годишно момче е најмладиот пациент кој чека ваква помош, велат здравствените работници.
Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. Д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со Д-р Васил Папестиев, Д-р Марјан Шокаровски, Д-р Ванѓел Здравески, Д-р Кјутим Џелили, Д-р Тања Анѓушева, Д-р Никола Христов, Д-рСтефанија Хаџиевска, Д-р Надица Мехмедовиќ, Д-р Весна Миташова, Д-р Јасмина Илиевска, Д-р Марија Гераковска и Д-р Димче Славевски.