Реклама
Наши ѕвезди

Игор Џамбазов се потсети на оваа жена, па ѝ напиша емотивна порака: Понекогаш ќе ми се појави во сонот, убава како на оваа фотка

Реклама

Игор Џамбазов објави невидена фотографија од неговата мајка, а со пораката која ја напиша за неа ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Џамбазов инаку е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.

Кога во себе ги имаш овие гени, невозможно е да не бидеш мултиталентиран.

Актер, забавувач, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец…ова се само дел од талентите кои Игор ги има.

Актерската кариера ја започнал уште кога имал само 6 години со улога во филмот Македонскиот дел од пеколот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката.

Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил трипати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот – „македонскиот шоумен“.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Плод на љубовта меѓу Александар Џамбазов и Анче Џамбазова се токму Игор и неговата сестра Тања.

Маркетинг

Животот на Анче згасна во 1997 година, но зад неа остави многу улоги по кои ќе остане запаметена засекогаш.

Анче била и останала најголемата љубов на Џамбазов.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Тој до ден денес ги чува писмата кои таа му ги испраќала додека бил во војска.

По нејзиното заминување од овој свет тој бил скршен и му требало време да закрепне.

Му било толку тешко што понекогаш размислувал и за одземање на животот, но она што го одржало се неговите деца.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Денеска на нејзе се потсети и нејзиниот син.

Игор на Инстаграм сподели нејзина фотографија од младоста и напиша емотивна порака.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

„24 години без Анче…

Понекогаш ќе ми се појави во сонот, убава како на оваа фотка.

Ќе ми ја исчисти собата, ќе ми ја испегла кошулата за настап, ќе ми направи полнети пиперки, и на крајот ќе ме искара што пушам.

Со цигарата во уста. Тука си е Анче.

Некои луѓе просто не умираат…“, стои во опис на фотографијата.

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

Фото: Инстаграм / Игор Џамбазов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button