Игор Џамбазов се изненади од својата сакана како никогаш досега – погледнете го само изразот на неговото лице (фото)
Веќе некое време тие двајцата се омилен пар во Македонија.
Постојано објавуваат преслатки фотографии заедно, а сега Игор покажа колку навистина ја сака.
Тие ги освоија симпатиите на јавноста со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што Игор конечно ја најде својата сродна душа.
Двајцата се заедно нешто повеќе од една година, а својата љубов еден кон друг постојано ја покажуваат, баш како вљубени тинејџери.
Додека Илина се наоѓа на Еквадор и освојува нови врвови, Игор Џамбазов гостуваше во емисија на Телма каде на видео-повик се појави неговата сакана, а тој беше пресреќен што ја гледа, а радоста ја сподели и на својот Инстаграм профил.
„Во живо, на Телма, утринска програма, „Да си кажеме“, на гости кај@ggpetreski, изненадување на денот … среде разговорот, се појави таа …@ilina_arsova. Од друг континент. Се израдував како дете на лижавче …“ напиша Игор.
Неговото лице кажува се, доволно е само да ја погледнете неговата насмевка.
На Игор не му се веруваше што ја гледа својата сакана и извика браво за екипата која се сетила да го изненади на овој начин. „Добро утро, моја мала утехо. Срце мое“, ѝ рече Игор на Илина кога ја виде на екранот.
Тој подоцна во интервју за „Женски магазин“ рече дека бил во пединфаркнтна состојба кога ја видел на екранот.
Скоро еден месец не сме се виделе … далеку е точно 10.851 километри … изненадувањето беше … прединфарктна состојба … ќе ме земеше на душа Горан Петрески, рече Игор.
Илина Арсовска е една од најпознатите и е најдобрите алпинистки во земјава, а Игор неодамна сподели дека таа нанижа уште еден успех.
-Пред неколку часа, Илина се искачи на врвот Ариста Санта Барбара, кој е на 5790 метри. Ова е еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка. Те сакам, супер-жено моја“, и напиша Игор на Илина.
Инаку Игор е доста активен на театарската сцена, ужива во секој момент од животот и е среќно вљубен во Илина Арсова.
Уживаат во секој момент од нивната љубов, а за тоа сведочат бројните фотографии на социјалните мрежи.