Реклама
Наши ѕвезди

Иако го остави, тој никогаш не ја заборави: Првиот сопруг на Милена Дравиќ има 96 години и го чува споменот на големата љубов

Реклама

Големата српска филмска дива Милена Дравиќ во својата богата филмска кариера може да се пофали со бројни филмски, сериски и телевизиски остварувања.

Со својата харизма, вонсериски талент и убавина многу режисери остави без здив, но и мажи кои во тие години копнееле да се најдат во нејзина близина.

Маркетинг

Еден од првите кои го освои срцето на младата Милена Дравиќ беше режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ кој денеска има 96 години, е со воодушевување се потсетува на филмската дива која не напушти пред две години, во својата 78 година од животот.

Маркетинг

-Најважно во животот е да не се плашиш. Јас никогаш од ништо не сум се плашел. блиско ми е она што го говореше Ниче – не е суштината во тоа дека сме биле живи, туку како сме живееле. Гледам луѓе кои се насмеани и среќни, понекогаш среќавам и од оние богатите. Но, и едните и другите секогаш имаат страв кој не можат да го разберат – првите се плашат од несреќните зошто мислат дека несреќата е „заразна“, а богатите, според истиот принцип, се плашат од сиромашните. Човек не смее да се плаши ниту кога ќе остане без скршена пара, ниту кога има милиони, ниту кога ќе остане без љубов, ниту кога има љубов. Љубовта е многу важн, посебно тогаш кога таа љубов ќе не остави. Порано често на минување ја среќавав жената која ме остави во 1960 година. Дали верувате дека оттогаш не ми доаѓа паметот? Но, од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, единствено само Милена Дравиќ ја сакам најмногу, се потсетува Пуриша Ѓорѓевиќ.

Милена Дравиќ по разводот со Ѓорѓевиќ, со кој поминала заедно неколку година, одлучила повторно да го каже судбоносното „да“ овој пат на режисерот Воислав Кокан Ракоњац. Биле во брак се до неговата смрт во 1969 година, кога починал на свои 34 години.

https://www.instagram.com/p/CBVzb-fpIqD/?utm_source=ig_embed

Милена и Кокан се запознале во Радио телевизија Белград кога работеле заедно на детскиот серијал „Добра ноќ деца“. Според пишувањето на тогашниот печат Кокан Ракоњац бил слика и прилика на вистинските белградски момчиња – на изглед многу груб, привлечен за девојките, но целосно занесен по филмот. Бил во центарот на тогашната боемштина. Ги познавал сите од светот на уметноста и со секој лесно умеел да воспостави контакт.

Третата голема љубов на Милена Дравиќ беше Драган Николиќ. Со него ги помина најубавите години од својот живот.

Во една прилика пред неколку години запрашан за тоа која е тајната на нивниот успешен брак, Драган рече:

– Кога две лица кои се успешни во работата, се разбира, постојат и оние кои ќе ви завидуваат, но кога станува збор за бракот на јавните личности, мојот совет до колегите кои се во слична ситуација е: Бидете попаметни од озборувањата и едноставно живејте го својот живот.

Милена и Драган немаа деца, па тој за родителството коментираше вака:

– Да се ​​биде родител е едно искуство и нешто што на секое живо суштество му е потребно за создавање на еден вид. Мислам дека тоа што ние немаме деца е голем недостаток, а не маана, но тоа е едноставно така, и уште повеќе не зближи. Ова ни дава можност да ги гледаме сите деца како свои. Ја имаме нашата мала внука Ива, која има пет и пол години. Таа ни даде се што немавме, и околу неа се врти целиот наш свет – изјави Драган за српски магазин.

Таа животна ситуација, пак Милена ја објаснуваше вака:

– Драган и јас немаме деца, но целиот наш живот сме семејство. Како што сме поврзани со нашите семејства отсекогаш. И двајцата ја обожаваме нашата внука, внука на мојот брат и двајцата се грижиме за најблиските – рече таа.

„Со Милена се запознавме во 1969 година. Тоа беше на снимањето на филмот „Хороскоп“ во 1969 година. Таа веќе беше популарна, а јас речиси почетник, и тогаш првпат ја видов во живо. Тоа беше голема дружба, од која произлезе и љубов“, раскажа неколку години пред да почине Драган Николиќ.

https://www.instagram.com/p/CBqltQtp-oQ/

Драган и Милена се венчале во 1971 година додека снимале еден телевизиски филм и за тој момент е врзана оваа анегдота:

„Се земавме симболично, во пауза меѓу две снимања. Замоливме да имаме еден слободен час, и отидовме во општина да склучиме брак. Потоа се вративме на работа и продолживме да снимаме како ништо да не било. Немаме ниту една фотографија од венчавката“, раскажал Николиќ кој почина во март во 2016 година.

– Сеќавања, сеќавања… – напиша на почетокот на март 2018 година Милена Дравиќ и остава една многу важна, вонвременска порака:

– Може да звучи вака или онака, но навистина љубовта е таа која е најважна. Таа лекува се. Само треба да се најде вистинскиот начин!, е навистина универзална животна лекција која ја остави големата актерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button