Ако некогаш сте се запрашале зошто за совет во кризни ситуации ја прашувате токму онаа меѓу своите пријателки која нема влакна на јазикот и знае добро да спушти и без пардон да упати критика, мора да кажеме дека тоа е сосема нормално и -логично.
Колку и да ви било неугодно од она што таа го кажала, сепак од сите совети на крајот ќе го послушате нејзиниот. Инстинктот ве води така и во право сте. Научниците велат дека брутално искрените пријатели се всушност оние кои најмногу ви значат. И дека се потребни такви во животот. И повеќе од оние кои само знаат да потврдуваат со глава. Еве како се објаснува зошто „злобните“ пријатели и пријателки се најдобри.
Навистина, таа некогаш брутална искреност, тоа што се кажуваат в лице, што се напорни, може и да повреди. Често изгледаат како да се бесчуствителни. Но, се работи за добра намера. Според истражувањето објавено во магазинот Association for Psychological Science, од блиските пријателки кои ти кажуваат и незгодни работи верувајќи дека тоа е за твое добро, долгорочно од тоа ќе профитирате. А тоа го прават зошто се грижат за вас. Иако понекогаш знаат да употребат лоши зборови и може да предизвикаат да се чувствувате лошо, сепак на крајот од нив ќе излезе нешто добро.
Испитаниците во тоа истражување ги замолиле да изберат најнегативен начин за да влијаат врз лицето да научи нешто и да постигне позитивна цел. Сите добија „писмо“ од хипотетски пријател/пријателка во кое им зборува како поминува низ тешко раскинување и е со скршено срце.
Накратко, според методологијата, се покажало дека тие учесници кои најмногу сочуствувале со својот пријател во него се обиделе најмногу да поттикнат бес или страв. Тие не се лагодни емоции, но се многу нормални и вистините (не се насамо позитивните добри чувства, во животот треба за рамнотежа да имаме и негативни).
Исто така, тие „лоши“ емоции ќе ни помогнат да решиме некои тешки ситуации. На пример, зошто да плачеме и да страдаме за тип кој не измамил? Подобро е бесно да се каже “кој го врти идиотот“, да се заклучи дека таков не ви е потребен и да се продолжи со животот. А можеби најдобрата пријателка е таа која треба да ни каже дека е идиот, бил и ќе остане, и дека таков не е вреден за вас. И дека сме луди што плачеме за такви. Колку во тој ви е тешко во срцето, уште потешко е да се слушнат овие зборови.
Сепак, овие понекогаш „лоши“ пријателки треба да се разликуваат од негативните лица кои за вас имаат само и исклучиво критика и грди зборови и прават да се чувствувате лошо, виновно, неадекватно, помалку вредно – најчесто затоа зошто тие така се чувствуваат подобро. Тоа не е пријателка, дури и ако сте нон-стоп заедно и се познавате од детство. Тоа пријателство веројатно треба да се прекине.